Извештај За Работата На Здружението Во Работната 2019 Година

Работната година започна со средбата на Дедо Мраз со најмладите. За таа прилика беа поделени преку 50 пригодни пакетчиња, донација од нашиот постојан спонзор, компанијата Панчевски. Овој собир е во заедничка организација со Иницијативниот црковен одбор и на истиот беа присутни преку 100 членови и пријатели.

Управен Одбор: Управниот одбор, и ако во не потполн состав, во текот на годината одржа пет(5) состаноци каде беа разгледувани актуелните прашања на членовите. Претседателот на здружението Тале Трпкоски зеде учество на не изборното годишно собрание на Македонскиот сојуз во Шведска, кое оваа година се одржа во Хелсингборг.

Финансии: И оваа година е една од многуте последни години кога здружението е оставено на само финансирање. Немањето на доволен број на членови и немањето на слободни активност не ни даваат за право да бараме дотации од комуната. По овој повод, заради зголемување на членството ја отворивме и платежната опција SWISH, но и тоа не помогна многу, бројот на членовите е не променет 21 семејство или искажано во број на членови, некаде околу 55.

Оскудната економија не натера да ја затвориме нашата Веб-страница, лицето на здружението и наша голема гордост.

Бројот на пријателите на нашиот ФБ профил е се поголем и поголем и денес таа бројка е некаде околу 630. При едно проверување дознавме дека од тие 630 близу 200 се од Стокхолмскиот регион, бројка која многу кажува и дава големи надежи.

Секции: Работата на секциите треба да се главниот и нај големиот дел од овој извештај, но како што спомнавме немањето на доволен број на членови не дозволуваше и формирање на работни секции, како на пр: фолклорна, спортска или некоја друга секција од областа на културата во кои и младите, а и ние постарите ќе ги задоволувавме нашите потреби.

ЕКОНОМСКИ ПРИКАЗ ЗА РАБОТНАТА 2019 ГОДИНА

Состојба на сметката на 01-01-2019 4992,42
Приходи:
Членарина 2950,00
Повраток на членарина од Мак. Сојуз 140.00
Непознат доверител 2 599,00
Сума на приходи 10 681,42
Расходи:
Plusgiro и Swish 1 479,50
Членарина за Македонски Сојуз 280,00
Сума на расходи 1 759,5
Состојба на контото на 31-12-2019 год 8922,08
Промени во сметката во јануари 2020 година
Приходи:
Членарина и др. 850,00
Расходи:
Дедо Мраз 1.920,00
Plusgiro такса 1100,000
Swish 500,00
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА НА СМЕТКАТА 6 259,92 kr.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *