Датум и Време: 2020-05-01, 12:00-13:30
Место: Online
Присутни на состанокот: Сашо Тирчевски, Тале Трпкоски, Ѓорѓи Христовски, Тодор Петровски, Маја Мијач и Ќирче Ѓеорѓиевски .
§1
Отворање на состанокот
Претседателот Сашо Тирчевски го отвори состанокот со поздрав до сите присутни.
§2 Избор на записничар
Одлучено е записниците да ги води секретарот на здружението Тале Трпкоски.
§3 Усвојување и дополнување на дневниот ред – Дневниот ред беше со една единствена точка Страницата на здружението.
§4 Web-страница за здружението
Се донесоа следниве одлуки:
– Претседателот Сашо Тирчевски да стапи во контакт со Јулијана и со истата да ги разјасни сите не доречености околу одобрувањето на бесплатно место во нејзиниот холтинг.
– Претседателот, секретарот и благајникот да имаат посебни маил адреси врзани за Веб-стараницата.
– За јазична и граматичка корекција на текстовите ќе се грижи Тале Трпкоски
– Ѓорѓи ќе помага во техничкиот дел.
– Сите документи се со јавен карактер, но некои ќе бидат достапни само за членовите.
– Сите кои поседуваат стари документи или слики да им се испратат на Ѓорѓи.
§5 Разно Овој вид на состанок се покажа ефективен и брз, па се препорачува вакви состаноци да се одржуваат и во иднина.
Сите ќе се потрудиме да врбуваме нови членови со постојана адреса во Стокхолмската комуна.
Претседателот и благајникот да ги потпишат сите списи за префрлање на благајната.