Записник, 2020-05-20

Датум и време: 2020-05-20 19:30 -20:30
Место: Onlline

§1

Отворање на состанокот: Претседателот Сaшо Тирчевски ги поздрави сите присутни и го отвори состанокот.

§2

Присутни на состанокот: Сашо Тирчевски, Тале Трпкоски, Ќирче Ѓеорѓиевски, Ѓорѓи Христовски, Тодор Петровски и Маја Мијач Додевска. Отсутен, Јован Дуковски.

§3

Усвојување и дополнување на дневниот ред: Дневниот ред беше прифатен без дополнувања.

§4

Пристигната пошта: Во овој меѓу период нема никаква нова пошта.

§5

Усвојување на записникот од минатиот состанок: Одлуките донесени за веб-страницата не се остварени од причини што за истото ќе се донесат нови одлуки.

Се чека одговор од Nordea за префрлувањето на овластувањата на новиот благајник.

§6

Годишен програма за работа на здружението:

  • Состаноци на Управен Одбор, најмалку еднаш во месецот, а по потреба и повеќе.
  • Култура, Играорна секција, како за македонски фолклор, така и за модерни игри. Форми за изучување и негување на Македонскиот мајчин јазик.
  • Спорт: фудбалска секција, шаховска секција и играње на Boulespel (бул )
  • Женски актив: Кулинарски вештини, (Македонска куња). Предавања за и околу половата еднаквост.
  • Одбележување на празници: Стара Нова Година (Дедо Мраз), 8. Март, Велигден и др.
  • Предавања: „Дали моето дете има право на настава по мајчин јазик?„ во соработка со нашите наставници, Тема интеграција, Семејството во Шведска споредено со во Македонија и Работа, работодавател, работник, во Шведска споредено со во Македонија.
  • Пензионери: средби каде ќе се игра Boulespel (бул ), кафе средби и др.
  • Членство и членови: кампањата за привлекување на нови членови продолжува.
  • Простории на здружението, приоритет за сите.

§7

Веб-страница: По предлог на претседателот Сашо, одлучено е страницата да се префрли на наш Холстинг кој ќе чини околу 2000 кр за три години. До колку се уште не биде готово со благајната, Ѓоргѓи ќе ја плати оваа сума, а потоа на него ќе му се префрлат од контото на здружението.

§8

Разно: Сашо го задолжи секретарот Тале да зборува со потпретседателот Јован Дуковски за и околу неговиот статус во УО.

Како да се заштитиме од Корона вирусот, информации преведени на Македонски јазик.

(Тале предложува оваа активност која се уште е во тек да ја внесеме во програмата)

Предавања со теми од природните науки. (предлог на Маја) (Напомена; овие три горе наведени точки се вметнати од после и за истите треба да одлучиме дали ќе ги усвоиме на наредниот состанок.)

§9

Датум за наредниот состанок: Одлучено е наредниот состанок да биде на 10 јуни во 19:30 часот и истиот да биде Online.

§10

Затворање на состанокот: Претседателот Сашо Тирчевски им се заблагодари на сите присутни за плодната работа и го прогласи состанокот затворен. Состанокот траеше 85 минути.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *