Записник, 2020-02-22

Датум и време: 2020-02-22 16:30 -18:30
Место: Vasavägen 25 Jakobsberg (Mariakyrkan)

§1

Присутни на состанокот: Сашо Тирчевски, Тодор Петровски, Ќирче Ѓеорѓиевски, Ѓорги Христовски, Маја Мијач, Јове Дуковски, Зоран Бановски, Ристо Јорданов, Vivi Johansson, Левко Митаноски, Нада Трпкоска, Светлана Ташков И Тале Трпкоски

§2.

Отворање на состанокот

  • Претседателот Сашо Тирчевски го отвори состанокот со поздрав до сите присутни.

§3.

Избор на записничар

  • Одлучено е записниците да ги води секретарот на здружението Тале Трпкоски.

§4

Избор на заверувач на записникот.

  • Записниците ќе бидат заверувани и усвојувани од секретарот претседателот на наредниот состанок

§5

Усвојување и дополнување на дневниот ред

  • Дневниот ред беше надополнет со некои информации во точката разно:

§6

Пристигната пошта (Македонски Сојуз)

  • Пријавницата за бројноста на членството беше потпишана и спремна да се испрати до Мак. Сојуз.
  • Секретарот го прочита писмото од Македонскиот Сојуз,

§7

Одредување на потписници на здружението (сите документи за Nordea

  • Се потпишаа сите потребни документи за пренос на благајната, а се одредија и потписниците на здружението, а тие се ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Сашо Тирчевски И БЛАГАЈНИКОТ Кирче Ѓеорѓиевски, секој засебно. Сашо ќе стапи во контакт со банката за да ги договори сите дополнителни документи и потписи.

§8

План и програма за работата на здружението (соработка со Црковниот одбор

  • Првичните задолженија на кои ќе работи Управниот Одбор се:
  • Управниот Одбор на здружението ќе работи во заедноца со Црковниот Одбор се додека не се формира Македонска црква.
  • Црковниот одбор ќе работи на информирање и собирање на што е можно повеќе членови. Крајната бројка е преку 2.000 членови.
  • Одбор за игранка околу Велигден: Светлана, Тодор, Ќирче и Јове.
  • Одделот за култура и образование ќе го води Маја, а додека Тодор е одговорен за спорт и др…
  • Светлана ќе работи со младата генерација на полето запознавање со православната вера, верските традиции и обичаи.
  • На следниот состанок ќе се донесе годишниот план и програма за работата на здружението, а во меѓувреме Претседателот ќе се распраша за начините и патиштата до дотации.

§9 Web-страница за здружението

  • Се донесе одлука Ѓорѓи да продолжи со собирање на податоци и информации, па за скоро да отвориме нова Веб страница на здружението

§10

Разно:

  • На секретарот да му се исплатат 500 кр за административни трошоци
  • Предлогот за локалот ќе го погледнат Тале, Зоран, Сашо и Боре.
  • Фирмата на Пецо Нечовски сака да биде наш донатор и на истиот да му се испратат сите потребни документи.
  • Наставниците по Македонски Мајчин јазик да се вклучат во работата на здружението.
  • Да се работи и овозможи млади деца да го изучуваат Македонскиот јазик.
  • До колку има потреба да се отвори школа за учење на Шведски јазик(за новодојдените)

§11

Одредување на датум за наредниот состанок

Наредниот состанок на УО ќе го одреди претседателот и за истото благовремено ќе не извести.

§12.

Затворање на состанокот. Претседателот Сашо Тирчевски им се заблагодари на сите присутни и го прогласи состанокот за завршен

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *