Друштвото Даме Груев слави 40 години постоење

Почитувани,

Македонското здружение Даме Груев од Стокхолм, гордо и достоинствено слави 40 години постоење. Toa не е само бројка, туку е една временска рамка во која се случиле многу нешта, временска рамка низ која поминале многу генерации, оставајќи дел од својот живот и биле сведоци на растот и развојот на здружението.

Овој голем јубилеј сакаме да го одбележиме со една пригодна прослава, која ќе се одржи во Сабота 7 Октомври 2023 г. во просториите на Midsommargården, Telefonplan 3 – Hägersten. Прославата ќе содржи две манифестации:

1. ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА ВО ШВЕДСКА

Традиционална поетска манифестација под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска, а во организација на здружението Даме Груев Стокхолм. Во програмата ќе земат учество десетина поети, како и ученици што ќе рецитираат стихови од познати македонски поети.

Специјален гостин од Македонија ќе биде познатата поетеса и литературен критичар Даниела Андоновска-Трајковска, професор по литература и уредник на неколку книжевни списанија.

Поетското читање е планирано да започне во 17.00 часот, а локалот е отворен од 16.30 часот. ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!

2. ВЕЧЕРНА ЗАБАВА – ИГРАНКА

Забавниот дел – игранката започнува во 20 часот (можно е влегување од 19.00 часот). Сите пијалаци, алкохолни или безалкохолни треба сами да си ги понесете, затоа што ние не служиме алкохол.

Најавете го вашето присуство што поскоро, бидејќи местата се ограничени на околу 70. Тоа можете да го направите со пријавување и со плаќање на кауција од најмалку 50% од цената на влезницата:

– 300 круни за членови со платена членарина за оваа година
– 400 круни за сите останати кои не се членови на друштвото
– деца до 10 год имаат бесплатен влез, но се наплаќа 150 круни доколку сакате да проготвиме храна и за нив. 

Со цената на влезницата следува топло јадење, еден безалкохолен пијалак, кафе и се разбира добра музика.

Уплатата можете да ја направите на:
– Swish 1231650555 или
– Plusgirot 614853-0
Наведете го вашето име, со назнака “ЗАБАВА”.

Пријавувањето може да го направите тука.

ДОБРО ДОЈДОВТЕ!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *