Датум и време: 2022-11-09 19:00 -12:30
Место: Midsommargården sal nr 1
§1 Отворање на состанокот:
Претседателот Ѓорѓи Христовски ги поздрави сите присутни и го отвори состанокот.
§2. Присутни на состанокот: Ѓорѓи, Тале , Маја, Левко онлајн Ќирче и Сандра
§3. Усвојување и дополнување на дневниот ред: Дневниот ред беше усвоен без дополнување.
§4 Пристигната пошта: Пристигнати се две писма од Мак Сојуз каде треба да дадеме наше мислење.
Што се однесува до културниот фестивал се рече дека истиот може да се збогати со дел од дадените предлози. Можно е да ја побараме организацијата на поетскиот фестивал, но нај прво да се осигуриме со погоден локал.
§5 Усвојување на записникот од последниот состанок на УО:
Записникот беше усвоен без/со забелешки .
§6 Извештаи за активностите во здружението:
А) Учиме Македонски: Имаме 17 пријавени ученици, од кои само 6 се од Стокхолмска комуна. Водачот на групата има побарување за купен материјал, а има потреба да се купи уште нешто: фасцикли, боички и една кутија за чување на материјалите, фасцикли, боички и една кутија за чување на материјалите.
На водачот на грушпата да му се исплатат средствата што ги побарува. Тале предложи поделба на групата во две групи, по што се разви по долга дискусија кој ќе работи со другата група додека тале е со едната. Оставивме да размислиме и на наредните состаноци да дадеме решение, а до тогаш ќе го видиме правиот интерес за школата.
Б) Предавање со д-р Лилјана Кочоска Марас. Има доволно пријавени за одржување на предавањето.
В) Извештај од одржаната забава на 15 октомври. Забавата беше успешна и истата го постигна саканиот ефект. Малиот инцидент е решен.
Г) Закажаната забава за 14 јануари се одложува. Локалот е откажан.
Д) Од посетата на Тале во Агенцијата за иселеништво. При посетата на Мак ,Тале ја посети Агенцијата за иселеништво и се сретна со Билјана од каде донесе еден дел книги потребни за школата.
Ѓ) Маја има потреба од неколку жени за почеток со нова активност. Беше речено родителите што ги носат децата на школо да останат и работат со еден дел од децата додека Тале е со другите деца. Овој предлог не наиде на одобрување.
§7
Преглед на членство и економски преглед. Моментално на список имаме 151 чле со платена членарина, од кои само една ретина се од Стокхолм На контото имаме 22.000 кр.
§8
Разно: На наредниот состанок да се поканат и членовите на Црковниот одбор за договор околу прославата на Стара нова година и Дедо Мраз.
§9
Одредување на датум за наредниот состанок.
Наредниот состанок на УО ќе се одржи во првата среда во декември
§10
Затворање на состанокот.
Претседателот Ѓорѓи Христовски им се заблагодари на сите присутни и го прогласи состанокот за завршен.