Записник, 2022-10-05

Датум и време: 2022-10-05 19:00 -20:30

Место: Midsommargården sal nr 1

§1 Отворање на состанокот:

Претседателот Ѓорѓи Христовски ги поздрави сите присутни и го отвори состанокот.

§2. Присутни на состанокот:

Тале, Ѓорѓи, Маја, онлајн Ќирче Сандра

§3. Усвојување и дополнување на дневниот ред:

Дневниот ред беше усвоен без дополнување

§4 Пристигната пошта:

Писмо од Македонскиот сојуз , одговор на нашето реагирање за писмото од Агенцијата за иселеништво.

§5 Усвојување на записникот од последниот состанок на УО:

Последниот закажан состанок од септември не се одржа па затоа го усвоивме записникот од последниот одржан состанок.

§6

Усвојување на закажаните термини и локали за планираните активности:

А) Состаноци на УО, секоја прва среда во месецот. Почеток во октомври

Б) Предавања со Лилјана Кочоска 17 ноември 2022 г во истата сала каде го имавме годишното:

В) Настава по Мајчин Јазик секоја недела од 14:00-16:00 часот почеток септември.

Г) Забави: 15 октомври 2022 год. и 14. Јануари 2023 год кога ќе ја прославиме Стара Нова Година, а и нашиот 40 годишен јубилеј. Здружението е формирано на 3 февруари 1983 год.

§7.

Планирање и известување за и околу забавата на 15 октомври.

Да се огласи на сите наши расположливи средства.

§8

Извештај и побарувања од водачите на школата „Учиме Македонски„

На водачот на активноста Учиме Македонски да му се исплатат сите досегашни трошоци.

§9

Разно: Тале побара да се одговори на писмото од сојузот , но одборот реши да не го правиме тоа.

§10

Одредување на датум за наредниот состанок.

Наредниот состанок на УО ќе се одржи во првата среда во ноември

§11

Затворање на состанокот.

Претседателот Ѓорѓи Христовски им се заблагодари на сите присутни и го прогласи состанокот за завршен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *