Записник, 2022-06-01

Датум и време: 2022-06-01 19:00 -20:30

Место: Midsommargården sal nr 1

§1 Отворање на состанокот:

Претседателот Ѓорѓи Христовски ги поздрави сите присутни и го отвори состанокот.

§2. Присутни на состанокот:

Ѓорѓи, Тале, Ќирче, Маја, Левко, Боре, Сашко, Сандра(онлајн)

§3. Усвојување и дополнување на дневниот ред:

Дневниот ред е усвоен без дополнување.

§4 Пристигната пошта:

Во периодот меѓу двата состаноци на УО нема пристигната пошта, а имаме испратено две писма до Македонскиот сојуз, едно за возачките дозволи и уште едно за како реакција и мислење околу писмото на Агенцијата за иселеништво.

§5 Усвојување на записникот од последниот состанок на УО:

Записникот беше усвоен без/со забелешки

§6

Усвојување на закажаните термини и локали за планираните активности:

А) Состаноци на УО, секоја прва среда во месецот. Почеток во септември

Б) Предавања во истата сала каде го имавме годишното:

– Мајчин јазик 27.август 16:00- 18:30 часот

– Со д-р Лилјана Марес Кочоска 2. Октомври 0д 17:00-21:00 часот

В) Настава по Мајчин Јазик секоја сабота од 10:00-12:00 часот почеток септември.

Г) Забави: 15 октомври 2022 год. и 14. Јануари 2023 год кога ќе ја прославиме Стара Нова Година, а и нашиот 40 годишен јубилеј. Здружението е формирано на 3 февруари 1983 год.

7. Разно.

Нема ништо под разно

8. Одредување на датум за наредниот состанок.

Наредниот состанок на УО ќе се одржи во септември или октомври

9. Затворање на состанокот.

Претседателот Ѓорѓи Христовски им се заблагодари на сите присутни и го прогласи состанокот за завршен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *