Записник, 2022-05-04

Датум и време: 2022-05-04 19:00 -20:30
Место: Midsommargården соба бр 1
§1
Отворање на состанокот:
Претседателот Ѓорѓи Христовски ги поздрави сите присутни и го отвори состанокот, а го
престави и гостинот од Црна Гора, Александар претседател на здружението Вардар од
Подгорица. Александар ја престави платформата за соработка и се одлучи ние да ја
простудираме и за истото ќе ги известиме во деновите што се пред нас.
§2.
Присутни на состанокот:
Ѓорѓи, Тале, Маја, Сашо, Ќирче, Левко, отсутна, Сандра
§3.
Усвојување и дополнување на дневниот ред:
Дневниот ред се дополни со две потточки во точката разно.
§4
Пристигната пошта:
Писмо од Македонски сојуз со кое се пренесува препораката за реагирање при прекршување
на одредбите од Преспанскиот договор. Се одлучи да се испрати писмо до сојузот со кое се
бара на промена во текстот каде стои „… а што Агенцијата го подготви на иницијатива
на Македонскиот сојуз во Шведска„ во „…„А ЗА ШТО АГЕНЦИЈАТА ГО ПОДГОТВИ
ПО ПРИМЕРОТ НА МАКЕДОНСКИОТ СОЈУЗ ВО ШВЕДСКА„.
§5
Усвојување на записникот од годишното собрание:
Записникот од претходниот состанок беше усвоен и потпишан.
§6
Web/страната на здружението:
Пристигнато е барање од доменот за плаќање на некои си додатни коштања за одржување
на страницата. ФБ-профилот да се користи само за потребите на здружението. Ќирче е
уредник на страницата, а Ѓорѓи и Тале ќе му помагаат.
§7
Разно:

Да се закаже средба со одговорните за букирање на локали во Midsommargården, за да ги
разјасниме некои недоразбирања.
Да се поднесе барање за членство во АБФ Стокхолм.
Женскиот актив при сојузот ќе бара членство во СИОС.
§8
Одредување на датум за следниот состанок на УО :
Наредниот состанок е закажан за среда 1 јуни на исто место и во исто време.
§9
Затворање на состанокот:
Точно во 20:30 часот претседателот Ѓорѓи им се заблагодари на сите присутни и го прогласи
состанокот за затворен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *