Датум и време: 2022-04-06 19:00 -20:30
Место: Midsommargården соба бр 1
§1 Отворање на состанокот: Претседателот Ѓорѓи Христовски ги поздрави сите присутни и го отвори состанокот
§2. Присутни на состанокот: Ѓорѓи, Тале, Маја, Сашо, Левко, Боре Сандра(онлајн) отсутен Ќире
§3. Усвојување и дополнување на дневниот ред: Дневниот ред се дополни со две потточки во точката разно.
§4 Пристигната пошта: Нема никаква пошта.
§5 Усвојување на записникот од годишното собрание: Записникот од годишното собрание беше усвоен и потпишан.
§6 Донесување и усвојување на годишен план и програма за работата на здружението во 2022г Предложениот план беше прифатен целосно со до прецизирање на некои точки како на пр А) женскиот актив ќе организира вапцување на јајца во саботата пред Велигден Б) На 30 април да се повтори предавањето за Мајчин јазик каде родителите ќе можат да ги пријават своите деца за настава по Македонски во режија на здружението. В) Да се организира една есенска игранка, по можност кај Анте. Г) Патувањето до Kolmården да биде одма по одморите. Д) Да се определи место за Излет во месец мај или јуни .
§7 Web/страната на здружението: Ѓорѓи ќе ги коригира сите адреси за сите во УО. Не членови, туку само пријатели на ФБ, кои се однесуваат не долично и навредливо, ќе се отстрануваат од профилот, а правилата за објава и пишување да се до прецизираат.
§8 Разно Тале има побарување од 820 кр од кои 546 кр се за административни трошоци, 174 кр трошоци за годишно собрание и 100 кр платена членарина за зачленување на здружението во MIdsommargården. Благајникот ќе ги исплати.
§9 Одредување на датум за следниот состанок на УО : Наредниот состанок е закажан за среда 4 мај на исто место и во исто време.
§10 Затворање на состанокот: Точно во 20:30 часот претседателот Ѓорѓи им се заблагодари на сите присутни и го прогласи состанокот за затворен.