Датум и време: 2020-12-20 18:00 -19:30 Место: Online
§1
Отворање на состанокот: Сашо Тирчевски го отвори состанокот со поздрав до сите присутни.
§2.
Присутни на состанокот:Сашо Т., Тале Т., Ѓорѓи Х., Маја Д., Зоран Б., Тодор П., Светлана Т., Јован
Д., Ристо Ј., Боре Ј., Нада Т.,
§3.
Усвојување и дополнување на дневниот ред: Дневниот ред беше усвоен без дополнува
§4
Пристигната пошта: Пристигнати се две писма од Мак Сојуз, записник и пријава за член
§5
Усвојување на записникот од последниот состанок на УО: Записникот се усвои без забелешки
§6
Економија :Два нови членови и уплата од 250 кр за членарина, Дотација од МС од 4000 кр
§7
Web/страната на здружението: Ѓорѓи ќе ги внеси и останатите материјали, а очекува и други
нови. Потребните програми испорачани погрешно па се чека на нивна замена.
§8
Членство и соработка со АБФ Стокхолм: Не одговорно однесување од АБФ Стокхолм. И покрај
ветувањето се уште не одговориле на нашето барање за членство.
§9
Пред годишното не изборно собрание: Прелиминарно, втора половина на февруари
§10
Соработката со Црковниот иницијативен Одбор: Од не до разбирање не е поставен контакт со
црквата во Гетеборг. За Василица да се испита можноста дочек во локалот на фирмата
Панчевски. Тале ќе зборува со Анте, а Тодор со попот во Гетеборг.
§11
Разно. Се разгледуваа можностите за набавка на сопствени клупски простории.
§12.
Одредување на датум за следниот состанок на УО: Претседателот Сашо Т ќе ги извести за
новиот датум за состанок.
§ 13
Затворање на состанокот: Состанокот беше прогласен за затворен во 20:00 часот