Записник, 2020-11-21

Датум и време: 2020-11-21 18:00 -19:30

Место: Online

§1

Отворање на состанокот: Претседателот Сашо Т ги поздрави сите присутни и го прогласи состанокот отворен.

§2.

Присутни на состанокот: Сашо Т, Тале Т, Ѓорѓи Х, Ќирче Ѓ, Маја Д, Зоран Б, Јован Д, Левко М, Нада Т, Светлана Т

§3.

Усвојување и надополнување на дневниот ред: Дневниот ред беше прифатен без никакви дополнувања.

§4

Пристигната пошта: Секретарот Тале Т информира дека до нас нема пристигната пошта

§5

Усвојување и верифицирање на записникот од последниот состанок на УО: Записникот е усвоен без никакви забелешки.

§6

Избор на нов член на УО: УО се надополни со нов редовен член. За нов потпретседател е избран Зоран Бановски.

§7

Економија (салдо на сметката, приходи, расходи, нови членови ): Во здружението имаме три семејства за нови членови. Врбувани од претседателот СТ. Нордеа од следната година ја покачува таксата на 1.400 кр. На салдото имаме 14. 955,92 кр

§8

Преглед на годишното собрание на Македонскиот Сојуз: Ѓорѓи даде исцрпен преглед на годишното собрание на МС и потенцира дека сите наши делегати се избрани во раководните тела на сојузот, Сашо е нов член на претседателството, Маја е секретар во женскиот актив, а Ѓорѓи е резервен член во претседателството.

§9

Web/страната на здружението: Со набавувањето на потребниот програм за одржување на страницата, истата официјално ќе се прогласи за отворена за сите членови. Официјализирањето се очекува во наредниве десетина дена.

§10

Членство и соработка со АБФ Стокхолм: Испратено е молба, барање до АБФ Стокхолм за по тесна соработка со нашето здружение. Досега немаме повратен одговор. Сашо и Тале ќе се потрудат да стапат во контакт со АБФ Стокхолм.

§11

Разно (соработката со црковниот одбор): Одлучено е црковниот одбор да стапи во контакт со Управниот одбор на црквата во Гетеборг и да се побара наше учество на годишното собрание, како и начинот на зачленување кое го планираме да оди преку веб страната.

На Веб-страната од здружението ќе се отвори посебен простор за Иницијативниот Одбор за формирање на Македонска Православна црква во Стокхолм.

Нада да ја закаже црквата во Јакобсберг за 17 или 18 јануари.

На наредните состаноци на УО на Даме Груев, ќе бидат поканети и членовите на црковниот одбор.

§12.

Одредување на датум за следниот состанок на УО: Нов состанок на УО пред Шведски Божиќ. Датумот ќе го одреди претседателот Сашо Т.

§13

Затворање на состанокот: Претседателот Сашо Т им се заблагодари на сите присутни на состанокот и со тоа го прогласи состанокот за затворен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *