Датум и време: 2020-10-03 16:00 -18:00
Место: Järfälla
§1 Отворање на состанокот: Претседателот Сашо Т ги поздрави сите присутни и го отвори состанокот.
§2 Присутни на состанокот: Тале Т. , Сашо Т, Ќирче Ѓ, Маја Д, Тодор П. Отсутни Ѓорѓи Х.
§3. Промени и надополнувања на дневниот ред: Дневниот ред беше усвоен без надополнување.
§4 Усвојување на записникот од последниот состанок: Записникот беше усвоен и потпишан без никакви забелешки.
§5 Пристигната пошта: Македонски Сојуз : Две писма за и околу поетската средба во Македонската Амбасада, како и еден оглас за секретар во Македонската. Амбасада.
§6 Поетска прослава: Нашето здружение ќе го претставуваат Александар Милошевиќ и Славица Томиќ. Ние можеме да бидеме присутни со 10-14 претставници.
§7. Средба на претседателството на МС со УО на нашето здружение: Претседателството на МС изрази желба за средба со УО на Даме Груев за во петок 16/10 после 18 часот. Средбата ќе се одржи во хотелот Ridaren и на истата ќе присуствуваат членови на УО
§8 За и околу 0-такса локалите:
Тале Т набави информации за места каде можеме да изнајмуваме локали со 0-такса:
Hägerstens Medborgahus, [email protected] tel 08/ 186818
Hartwikska Huset, Sankt Poulsgt 39 [email protected] tel 08/6689453
Södergården Götgatah 37 [email protected] tel 08/6436689
Alviks Kultur hus ingen 0-taxa lördagar och söndagar [email protected]
§9 Соработката со АБФ Стокхолм.
Испратено писмо со барање за соработка со АБФ Стокхолм.
§10 Годишно собрание на МС. На собранието учество ќе земат Сашо Т, Ѓорѓи Х, и Маја Д.
§11 Разно: Немаше ништо под точката разно.
§12. Одредување на датум за нов состанок. Сашо Т ќе одреди нов датум после годишното на МС
§13
Затворање на состанокот. Сашо Т. им се заблагодари на сите присутни и го затвори состанокот.