Датум и време: 2021-02-06 18:00 -19:00 Место: Online
§1
Отворање на состанокот : Претседателот Сашо Тирчевски ги поздрави сите присутни и со тоа го
отвори состанокот.
§2.
Присутни на состанокот: Сашо Т, Тале Т, Ѓорѓи Х, Ќирче Г, Тодор П, Маја М, Јован Д
§3.
Усвојување и дополнување на дневниот ред: Дневниот ред беше усвоен без дополнување.
§4
Пристигната пошта: Нема пристигнато пошта.
§5
Усвојување на записникот од последниот состанок на УО: Записникот ќе го усвоиме на нашиот
следен состанок заедно со овој записник.
§6
Членство и соработка со АБФ Стокхолм: Сашо и Тале ги информираа присутните за средбата со
Амир претставник на АБФ Стокхолм. Амир ќе ги разгледа нашите кажувања и на следниот
состанок ќе не извести за статусот на нашето членство во АБФ.
§7
Одредување на адреса на здружението: Се одлучи адресата на здружението да биде на
адреса на претседателот Сашо и истиот адресата ќе ја пријави во Skateverket.
§8
План и програма за работата на здружението за 2021 г: Предложената програма беше
разгледана и прифатена со можност на нејзино проширување и истата ќе се објави на нашата
страница.
§9
Web-страница за здружението: Ѓорѓи и Ќирче не информираа за тоа дека страницата е веќе до
оформена и спремна да објавуваме потребни документи и објави. Во најскоро Ѓорѓи ќе го
обучи Тале за работа со страницата.
§10
Годишно собрание како и кога ? Предложено беше собранието да се одржи дигитално со
испраќање на прашалник до членовите, заедно со останатите материјали. ИТ одговорните ќе ја
разгледаат можноста за изготвување на еден таков прашалник.
§11 .
Дотации, потпишување и поднесување на документи: Сите потребни материјали за дотациите
се припремени и деновиве ќе се потпишат од претседателот и потоа ќе се испратат до
институцијата.
§12.
Разно: Јован Д информираше за контактот со претседателот на црковниот совет во Гетеборг,
Милан Стојчевски, кој советувал да се одвои здружението од црковниот одбор. Црквата за
скоро ќе има годишно собрание на кое ќе бидат повикани претставници од Стокхолм.
§13
Одредување датум за нов состанок на УО: Нов состанок за две недели и целосно посветен на
годишното собрание.
§14 Затворање на состанокот: Претседателот Сашо им се заблагодари на сите присутни и го
прогласи состанокот за затворен.