Датум и време: 2020-06-10 19:30
Место: Online
§1
Отворање на состанокот: Претседателот Сaшо Тирчевски ги поздрави сите присутни и го отвори состанокот.
§2
Присутни на состанокот: Сашо Тирчевски, Тале Трпкоски, Ќирче Ѓеорѓиевски, Ѓорѓи Христовски, Тодор Петровски и Маја Мијач Додевска. Отсутен, Јован Дуковски.
Јован Дуковски, со писмено барање, побара да се ослободи од сите задолженија во УО. Неговото барање беше прифатено.
§3
Усвојување и дополнување на дневниот ред: Дневниот ред беше прифатен со дополнувања во точката разно.
§4
Пристигната пошта: Писмо од Македонскиот Сојуз. Нашето здружение ќе ја прифати иницијативата на Македонците од Италија и за истото писмено ќе ги извести.
§5
Усвојување на записникот од минатиот состанок: Усвојување на годишната планирана програма за работа)
Годишен програма за работа на здружението се надополни со уште две точки и таа е усвоена со оваа содржина:
- Состаноци на Управен Одбор, најмалку еднаш во месецот, а по потреба и повеќе.
- Култура, Играорна секција, како за македонски фолклор, така и за модерни игри. Форми за изучување и негување на Македонскиот мајчин јазик.
- Спорт: фудбалска секција, шаховска секција и играње на Boulespel (бул )
- Женски актив: Кулинарски вештини, (Македонска кујна). Предавања за и околу половата еднаквост.
- Ковид 19 совети и информации со македонски превод.
- Помош во наставата за природно математички предмети – Маја
- Одбележување на празници: Стара Нова Година (Дедо Мраз), 8. Март, Велигден и др.
- Предавања: „Дали моето дете има право на настава по мајчин јазик?„ во соработка со нашите наставници, Тема интеграција, Семејството во Шведска споредено со во Македонија и Работа, работодавател, работник, во Шведска споредено со во Македонија.
- Пензионери: средби каде ќе се игра Boulespel (бул ), кафе средби и др.
- Членство и членови: кампањата за привлекување на нови членови продолжува.
- Простории на здружението, приоритет за сите.
§6
Веб-страница: Извештај од Ѓорѓи. Ѓорѓи продолжува со градењето на страницата чија адреса е www.damegruev.org a mail адресата e [email protected]
§7 Благајна
Нови документи за банката и префрлање на благајната. Договорена е физичка средба каде ќе бидат потпишани сите потребни документи.
§8
0-такса- потпишување на сите потребни документи. На договорената физичка средба ќе бидат потпишани и овие документи.
§9
Разно: Програмата за работа се надополнува со уште две точки.
Помош во наставата за предмети од природните науки и
Информации за Ковид19 на Македонски јазик.
§10
Датум за наредниот состанок: Одлучено е наредниот состанок да биде одреден на физичката средба.
§11
Затворање на состанокот: Претседателот Сашо Тирчевски им се заблагодари на сите присутни за плодната работа и го прогласи состанокот затворен. Состанокот траеше 80 минути.