Кога: Среда 1 јуни 2022 г
Време 19:00 – 20:30 ч
Каде : Midsommargården, Telefon plan 3 T-bana Telefonplan соба бр. 1
Дневен ред
- Отворање на состанокот
- Присутни на состанокот
- Усвојување и дополнување на дневниот ред
- Пристигната пошта. Нема пристигнато, а има испратено писма до МС, едно за
возачките дозволи, а другото реакција за писмото од Агенцијата за иселеништво. - Усвојување на записникот од последниот состанок на УО
- Усвојување на закажаните термини и локали за планираните активности:
А) Состаноци на УО, секоја прва среда во месецот. Почеток во септември.
Б) Предавања во истата сала каде го имавме годишното:
Мајчин јазик 27.август 16:00- 18:30 часот
Со д-р Лилјана Марес Кочоска 2. Октомври 0д 17:00-21:00 часот
В) Настава по Мајчин Јазик секоја сабота од 10:00-12:00 часот почеток септември
Г) Забави: 15 октомври 2022 год. и 14. Јануари 2023 год кога ќе ја прославиме Стара
Нова Година, а и нашиот 40 годишен јубилеј. Здружението е формирано на 3
февруари 1983 год. - Разно
- Одредување на датум за наредниот состанок
- Затворање на состанокот
Нашите состаноци се секогаш отворени за сите заинтересирани, па затоа
добро дојдени сте сите вие кои сакате да земете учество во нашето работење.
ДОБРЕДОЈДОВТЕ!
Претседател
Ѓорѓи Христовски