Со љубов и радост ве канам на мојата прва уметничка изложба.
Во соработка со вечер на Културата Стокхолм на 20 Април, 18-24 часот ќе се одржи мојата изложба “ШТО АКО ОВА Е РАЈОТ?” ,во мојата Галерија Зест во Стокхолм.
Малку за мене и за изложбата:
Цртањето секогаш била моја пасија и како дете и млада добивав многу уметнички награди. Но животот некако ме однесе во други насоки. За пред четири години да се вратам на она што уживам да го работам, ја отворив и мојата галерија во Стокхолм. Но некако сепак не наоѓав време да цртам, а можеби и само немав храброст. Пред 5 месеци имав несреќа, го скршив коленото и имав операција. Неколку месеци бев во количка и долга рехабилитација. Тоа тешко го поднесов психички и после некое време решив да ја променам мојата ситуација и почнав да цртам. Имав само една слика, со неа се пријавив на Вечер на Културата Стокхолм и добив место во нивната програма.
Уживав да цртам последниов период и се надевам дека моите слики ќе ви се допаднат.
Со задоволство поканете ги и сите тие што мислите дека би сакале да дојдат.
Се гледаме наскоро!
Со љубов,
Тиана
Локација: Галерија Зест, Гревгатан 34, Стокхолм (Остермалм)
Инфо Контакт: 070 718 80 92
Линк од Вечер на Културата Стокхолм:
Линк од евентот на Фејсбук:
https://facebook.com/events/s/what-if-this-is-heaven/1508774696337508
Линк од Инстаграм профилот на Галерија Зест:
https://www.instagram.com/gallerizest?igsh=MWlhcXA3OXcxMm5pMw==