Место: Ridstigen 7 Jakobsberg
§1
Отворање на состанокот: Претседателот Сашо Тирчевски го отвори состанкот со поздрав до сите присутни.
§2.
Присутни на состанокот: Сашо Тирчевски, Тале Трпкоски, Ѓорѓи Христовски, Ќирче Ѓеорѓиевски и Маја Мијач Додевска . Отсутен Тодор Петровски. Се одлучи да се контактира со Јован Дуковски до колку сака да се врати во УО. За ова е задолжен секретарот на здружението.
§3.
Промена и надополнување на дневниот ред: Дневниот ред се надополни во точката разно со некои актуелни известувања.
§4
Економија ( салдо на сметката, нови трансакции ): Последни промени се исплатата за трошоците за страницата за клубот, како и пристигнатите дотации од МС Моментална состојба на контото е 14.363 круни.
§5
Пристигната пошта: Писма од МС едното е од состанокот со претседателите, а другото е известување за годишното собрание на МС.
§6
Заверување и усвојување на записникот од последниот состанок: Записникот беше заверен без никакви надополнувања.
§7
Преглед на дискусиите и одлуките на састанокот во Гетеборг:
1. Милица Велевска е одговорна за Женскиот Актив при МС
2.Сојузот се изјасни и побара од нас да воспоставиме дијалог со Мак. Амбасада: Сашо ќе стапи во контакт со Македонската амбасада на годишното собрание на МС, а до колку не биде присутна амбасадата тогаш лично ќе ги побара.
3.Да се изнајдат можности за добивање на дотации преку организирање на кружоци. Во нашиот годишен план постојат такви активности.
4.МС ќе додели дотации на сите здруженија. Од нас се бара да доставиме план и програм за активностите планирани за есен/зима 2020. Секретарот ќе го испрати нашиот план за тој период
5.МС произнесе барање да сите здруженија работаат со и преку АБФ со што се работењето станува истоветно во сите здруженија. Од нас се бара да најдеме модел за соработка со АБФ. Сашо ќе стапи во контакт со АБФ за соработка во Стокхолм.
6.Желба на МС е да сите ние работиме што е можно повеќе ONLINE, со што ќе ја привлечеме помладата генерација, која претежно работи на овој принцип. Ова барање се покрена од како јас ја посочив оваа потреба. Ние веќе работиме на овој принцип и со истото продолжуваме и во
иднина.
7.Се бара список на активности за секое здружение после Корона кризата. Ќе го испратиме списокот на планирани активности.
8.Предлог за годишното собрание на МС: крајот на октомври почетокот на ноември. Местото е Гоце Делчев Гетеборг. Собранието е закажано за 31 октомври.
§8
Web-страница за здружението: Страницата е во завршна фаза и со прикачувањето на некои завршни прилози и рубрики работи таа ќе биде отворена. За сето ова ќе одржиме уште еден состанок само со тие кои се задолжени за страницата.
§9
Разно: Прослава на Нова Година во Седертелје со Панчевски. УО го подржува предлогот и со првичното известување ќе се поканат прво членовите на здружението со методот кој прв се пријавил прв добил место и до колку останат празни места тогаш ќе се поканат и други заинтересирани.
§10
Одредување на датум за наредниот состанок: Прелиминарно датум за следен состанок 7 Ноември.
§11
Затворање на состанокот. Претседателот Сашо Тирчевски им се заблагодари на сите присутни и го прогласи состанокот за завршен