Записник од Годишно Собрание 2022

§ 1

Отворање на собранието

Претседателот Сашо Тирчевски ги поздрави сите присутни и го прогласи собранието за отворено.

§2

Избор на работно претседателство:

За претседател на собранието е избран Тале Трпкоски

За записничар на собранието е избран Левко Митаноски

За заверувачи се избрани: Ѓорѓи Христовски и Маја Додевска

§3

Дополнување и усвојување на дневниот ред:

Дневниот ред се прифати без никакви дополнувања.

§4

Поднесување на извештај за работата на здружението:

Претседателот Сашо Тирчевски го појасни извештајот за работата на здружението за 2021 год.

Економски извештај:

Благајникот Ќирче Георгиевски даде појаснувања за извештајот.

Извештај на ревизионата комисија:

Ревизорите Боре Митрески и Левко Митаноски изјавија дека во извршената ревизија не нашле никакви забелешки во работата на УО

§5

Дискусии по поднесените извештаите: Тале, Ќирче и Сашо појаснија некои делови од извештаите.

§6

Разрешување на досегашниот Управен Одбор:

Собранието едногласно го разреши досегашниот Управен Одбор и го ослободи од сите негови одговорности.

§7

Избор на нов Управен Одбор:

За претседател е избран Ѓорѓи Христовски

За потпретседател е избран Ќирче Георгиевски

За секретар е избран Тале Трпкоски

За благајник е избран Сашо Тирчевски

За одговорни на секции се избрани: Маја Додевска и Сандра Шумантева Каевска

§8

Избор на ревизиона комисија:

За ревизори на здружението се избрани: Боре Митрески и Левко Митаноски

§9

Избор на делегати за годишното собрание на Македонскиот Сојуз:

За делегати се избрани: Ѓорѓи Христовски и Ќирче Георгиевски

За делегати на Женскиот актив се избрани Маја Додевска и Сандра Шумантева Каевска

§ 10

Одредување на годишна членарина за год

Се одлучи членарината за 2023 год да остане не променета 150 кр за семејна и 100 кр за младинци и пензионери.

Се одлучи ново дојдените во Шведска, да се ослободат од членарина за првата година. Оваа одлука ќе важи и за оваа година.

§11

Разно:

Под разно се разви голема и конструктивна дискусија за тоа што и како да работиме. Да се оди на зголемување на бројноста на членовите. Секретарот соопшти дека сега соработуваме и сме членови во Midsommargården и тука имаме можност и право да ги користиме сите постоечки локали со тоа што од напред треба да ги закажеме. Нашата работа да се насочи во работењето со младите.

§12

Затворање на собранието.

Претседателот на собранието им се заблагодари на сите присутни и го прогласи собранието за затворено.

Записничар:

Левко Митаноски

______________________________________

Заверувачи:

Маја Додевска Мијач Ѓорѓи Христовски

__________________________ ______________________________

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *