Записник, 2020-06-23

Датум и време: 2020-06-23 19:30 -20:30
Место: Onlline

§1

Присутни на состанокот Сашо Тирчевски, Тале Трпкоски, Кирче Ѓеоргиевски, Сашо Христовски, Маја Мијач Додевска и Тодор Петровски.

§2.

Отворање на состанокот

Претседателот Сашо Тирчевски го отвори состанокот со поздрав до сите присутни.

§3.

Усвојување и дополнување на дневниот ред. Дневниот ред е усвоен без дополнување

§4

Пристигната пошта. Записник од одржаниот состанок на УО на Македонскиот Соју

§5

Усвојување на записникот од минатиот состанок. Годишниот план и програм е надополнет и тој изгледа вака:

– Состаноци на Управен Одбор, најмалку еднаш во месецот, а по потреба и повеќе.

– Култура, Играорна секција, како за македонски фолклор, така и за модерни игри. Форми за изучување и негување на Македонскиот мајчин јазик.

– Спорт: фудбалска секција, шаховска секција и играње на Boulespel (бул )

– Женски актив: Кулинарски вештини, (Македонска кујна). Предавања за и околу половата еднаквост.

– Ковид 19 совети и информации со македонски превод.

– Помош во наставата за природно математички предмети – Маја

– Одбележување на празници: Стара Нова Година (Дедо Мраз), 8. Март, Велигден и др.

– Предавања: „Дали моето дете има право на настава по мајчин јазик?„ во соработка со нашите наставници, Тема интеграција, Семејството во Шведска споредено со во Македонија и Работа, работодавател, работник, во Шведска споредено со во Македонија.

– Пензионери: средби каде ќе се игра Boulespel (бул ), кафе средби и др.

– Членство и членови: кампањата за привлекување на нови членови продолжува.

– Простории на здружението, приоритет за сите.

§6

Њеб страница на здружението Ѓорѓи информираше за напредокот во припремата на страницата. Одобрено му е да ги купи потребните програми кои ќе коштаат околу 500 кр. Направени се мејл адреси за сите од УО и истите ќе бидат поврзани со постоечките приватни адреси.

Тале ќе му ги испрати сите записници и останатити материјали за објава.

§7

До банката се испратени нови документи, старите се изгубени, одговор се уште нема. Сашо ќе ги контактира.

§8

0-такса

Потребно е до комплетирање на документите за 0-такса. Тале ги припремил и по потпишување со Сашо ќе се испратат.

§9

Разно.

Маја предложи организирање на излет со членовите, но поради пандемијата се одлучи да се причека за на крајот од летото или за на есен.

§10 Одредување на датум за наредниот состанок

Наредниот состанок на УО е планиран за на крајот на јули. Сашо ќе го одреди точниот датум.

§11

Затворање на состанокот. Претседателот Сашо Тирчевски им се заблагодари на сите присутни и го прогласи состанокот за завршен

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *