Почитувани членови,
На нашиот последен состанок кој се одржа на 3. Март 2023 год, меѓу останатото ја усвоивме и предложената работна програма за оваа 2023 година и истата изгледа вака:
- Состаноци на Управниот Одбор:
– Еден состанок секоја прва среда во месецот - Учиме Македонски:
– Продолжување на наставата започната во есенскиот термин - Предавања и курсеви:
– Работа/работодавател/работник во Шведска споредено со во Македонија
– Можно повторување на предавањето со д-р Лилјана - Забави, прослави и другарски средби:
– Велигденска забава/игранка
– Есенска забава/игранка по повод 40 години Даме Груев заедно со поетскиот фестивал
– Мајски излет во некое излетничко место околу Стокхолм.
– Есенски излет - Патувања:
– Место и време ќе одредиме по желба на членовите - Пензионерски средби:
– Одговорните на групата ќе одредат за бројот на средбите и нивната содржина
Предложената програма е произлезена од желбите, барањата и потребите на членовите, доста е скромна, но сепак за нејзино остварување потребни ни се ресурси, пред се оние човечките, значи потребни сте вие членовите. Моментално за оваа година се зачлениле нешто повеќе од 50 членови, а за остварувањето на предложената програма потребно е барем удвојување на оваа бројка.
Не се прави забава со 50 членови. Нема предавач кој би сакал да предава и зборува пред само десетина присутни, и.т.н, па сето ова не тера на ревидирање програмата, а веќе ја откажавме планираната Велигденска забава, и до колку останеме на оваа бројка на зачленети, ќе мораме да откажуваме и некои други веќе започнати активности.
Да појасниме дека во сите здруженија во Шведска, членството е за една календарска година, а ние донесовме одлука на УО да во нашето здружение зачленувањето е важечко од годишно собрание до годишно собрание. Годишното собрание се одржува во текот на февруари или најдоцна почетокот на март, значи членството кај нас е од МАРТ до МАРТ. Оние членови кои веќе платиле членарина за оваа година по старата цена (пред Март) не треба да ја доплатат разликата споредбено со новата цена на членарината.
Членарината за оваа година е:
– Семејна членарина 200 круни/годишно
– Пензионери 100 круни/годишно
Истата можете да ја уплатите на:
– Plusgiro 61 48 53 – 0
– Swish 1231650555
Од членовите на Управниот Одбор.