Состанок на управен одбор

Кога: Среда 1 јуни 2022 г
Време 19:00 – 20:30 ч
Каде : Midsommargården, Telefon plan 3 T-bana Telefonplan соба бр. 1

Дневен ред

  1. Отворање на состанокот
  2. Присутни на состанокот
  3. Усвојување и дополнување на дневниот ред
  4. Пристигната пошта. Нема пристигнато, а има испратено писма до МС, едно за
    возачките дозволи, а другото реакција за писмото од Агенцијата за иселеништво.
  5. Усвојување на записникот од последниот состанок на УО
  6. Усвојување на закажаните термини и локали за планираните активности:
    А) Состаноци на УО, секоја прва среда во месецот. Почеток во септември.
    Б) Предавања во истата сала каде го имавме годишното:
    Мајчин јазик 27.август 16:00- 18:30 часот
    Со д-р Лилјана Марес Кочоска 2. Октомври 0д 17:00-21:00 часот
    В) Настава по Мајчин Јазик секоја сабота од 10:00-12:00 часот почеток септември
    Г) Забави: 15 октомври 2022 год. и 14. Јануари 2023 год кога ќе ја прославиме Стара
    Нова Година, а и нашиот 40 годишен јубилеј. Здружението е формирано на 3
    февруари 1983 год.
  7. Разно
  8. Одредување на датум за наредниот состанок
  9. Затворање на состанокот
    Нашите состаноци се секогаш отворени за сите заинтересирани, па затоа
    добро дојдени сте сите вие кои сакате да земете учество во нашето работење.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Претседател
Ѓорѓи Христовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *