§ 1 Име на здружението
Името на здружението е Даме Груев Стокхолм.
§ 2 Седиште на здружението
Седиштето на здружението е во Стокхолм.
§ 3 Цел
Здружението е невладина, политички и религиозно неврзана организација која својата активност ја темели врз база на демократските принципи. Здружението има за цел да врз основа на програмата и упатствата на Македонскиот Сојуз на Шведска, ги застапува и одржува интересите на Македонците и другите народности од Р. Македонија што живеат во Стокхолм и неговата околина, како и пријатели и симпатизери без оглед на етничка припадност. Негова цел е исто така да ги негува и одржува македонското културно наследство, јазик и обичаи и истовремено да работи на одржување и продлабочување на демократијата, интеграцијата и взаемната поврзаност со Шведското општество. Пример за негување на културното наследство е прославата на националните празници 2-ри Август Илинден , 11-ти Октомври и 8-ми Септември.
§ 4 Поврзаност на здружението
Здружението е приклучено кон Македонскиот Сојуз на Шведска.
§ 5 Членство
Член 1: Секој што се обврзува да го почитува статутот на здружението може да стане член на истото.
Член 2: Нов член на здружението се избира на состанок на УО.
Член 3: Лицата кои се посебно заслужни за работата на здружението, како и истакнати лица од политичкиот и културниот живот од Р. Македонија и Шведска, може да станат почесни членови на здружението. Одлука за почесен член на здружението се донесува на работно собрание.
Член 4: Членови чијашто работа е во спротивност со статутот на здружението, може да бидат исклучени од истото. Одлука за исклучување се донесува на состанок на УО.
§ 6 Членарина
Член 1: Годишна членарина се одредува на годишното собрание пред почетокот на новата работна година.
Член 2: Здружението може по потреба да воведе дополнителна членарина.
Член 3: Лицата кои не ја платиле членарината 12 месеци по писмената опомена може да бидат исклучени од здружението.
Член 4: Работната година на здружението се поклопува со календарската година.
Член 5: Почесните членови не плаќаат членарина.
§ 7 Годишноизборно собрание
Член 1: Годишното изборно собрание е највисокиот одлучувачки орган и се одржува секоја втора година во првото тромесечие од годината.
Член 2: Известување за годишното изборно собрание се испраќа до сите членови најкасно 2 недели пред денот на одржувањето. Две недели пред истото треба: дневниот ред, извештајот за годишната активност на УО, извештајот на ревизорите, предлогот на УО како и предлозите на членовите и изјаснувањата на УО кон нив, да бидат достапни до сите членови на здружението.
Член 3: Редовното изборно годишно собрание расправа за:
а. Извештајот за годишната активност на УО
б. Извештајот на ревизорите
ц. Прашање за ослободување на УО од одговорност
д. Предлог на УО
е. Предлози на членовите и изјаснување на УО кон нив
ф. Утврдување на годишна членарина
г. Избор на нов УО
х. Избор на ревизори и нивни заменици
и. Разно
ј. Избор на изборна комисија
Член 4: Секој член има право да приложи предлог до годишното собрание. Предлозите треба да се испратат до претседателот најкасно четири недели пред денот на одржувањето.
Член 5: Дополнително годишно собрание се свикува на одлука на УО или на ревизорите. Дополнителното собрание може да расправа само за прашања кои се причина за свикување на истото.
§ 8 Работно, не изборно собрание
Член 1: Работното не изборно собрание е највисокиот одлучувачки орган на здружението помеѓу две изборнини собранија.
Член 2: Работното не изборно собрание, кое се одржува секоја втора година, расправа за прашања кои се важни за работата на здружението.
Член 3: Работен проширен состанок свикува УО кога најмалку една четвртина (1/4) од членството, но не помалку од 20, побараат од УО да се разгледа некое прашање.
Член 4: Известување за работното собрание се доставува до сите членови не покасно од две недели пред денот на одржувањето.
Член 5: Здружението одржува најмалку еден, но најмногу две работни проширени
состаноци годишно.
§ 9 Одлуки
Член 1: Сите одлуки , со исклучок при случај на параграф § 12, се донесуваат со просто мнозинство. При ист број гласови се одлучува со жрепка.
Член 2: Избор на раководни лица може да се изведе со тајно гласање доколку некој од присутните членови изрази желба за тоа. Валидно избирачко ливче треба да содржи онолку имиња колку што има мандати за кои се избираат кандидатите. За избор е потребен бројот на гласови на најмалку половината од членовите што гласале. Доколку тоа не е исполнето, се оди на реизбор меѓу оние што освоиле најмногу гласови. Бројот на кандидатите што се реизбираат треба да биде најмногу два пати од бројот на мандатите што преостанале. При ист број гласови при реизборот се одлучува со жрепка.
Член 3: Сите гласања, со исклучок при избор на раководни лица, се јавни.
§ 10 Управен Одбор
Член 1: Управниот одбор одлучува и раководи со здружението во согласност со статутот на истото.
Член 2: Управниот одбор ги свикува и припрема работните и годишните собранија.
Член 3: Управниот одбор може да донесува одлуки кога повеќе од половина од неговите членови се присутни при гласањето. Дополнителен состанок на УО се свикува кога најмалку една третина (1/3) од неговите членови се изјаснат за тоа.
Член 4: Управниот одбор се состои од најмалку четири £ленови кои се избираат за период од една година. Претседател, потпретседател, секретар и благајник се избираат на годишно собрание. Во управниот одбор може да се избираат и членови кои ќе бидат одговорни за и ќе ги водат одделните секции или активности. Управниот одбор се конституира сам.
Член 5 Претседателот има за должност
◦ да раководи со работата на зружението
◦ да ги свикува состаноците на УО
◦ да распоредува работните задачи во УО
◦ да ги стимулира членовите за активно работење
◦ да биде потписник во здружението
◦ да го претставува зружението и да биде негов контакт со сите останати институции.
Член 6 Потпреседателот има за должност
◦ да го заменува претседателот во негово одсуство и ги првземе сите негови задолженија.
Член 7 Секретарот има за должност
◦ да ги води записниците
◦ да ја одржува архивата на здружението
◦ да ги пишува сите писма и преписи
◦ да ги испраќа поканите за состаноците на УО
член 8 Благајникот има за должност
◦ да располага и се грижи за касата и дтугите банковни конта на здружението
◦ да ја прибира членарината
◦ да ги плаќа пристигнатите сметки и рачуни
◦ да го води финансиското книговодство
◦ да го изготви завршниот финансиски извештај
◦ да биде потписник врз основа на статутот.
Член 9 Референтите имаат за должност:
– да ги обавуваат работите за кои се задолжени.
Член 10 Управниот одбор е должен да изготви годишен извештај за работата на здружението како и предлог план за наредната година.
§ 11 Ревизија
Член 1: Два ревизори и два заменици се избираат на годишно собрание. Замениците се активираат, според редоследот по кој се избрани, во случај кога ревизорите се спречени да ги исполнат своите обврски.
Член 2 Ревизорите се задолжени
◦ да ја надгледуваат работата на УО
◦ да контунуирано вршат надзор врз донесените документи, како и записници и други документи од работата на здружението за да се види дека сето тоа е во согласност со целите на здружението
◦ да подготват и поднесат ревизионен извештај
◦ да дадат ослободување од одговорност на УО
◦ да напрват ревизија на целокупната работа на УО пред годишното собрание.
Член 3 Замениците се задолжени:
– да ги заменуваат ревизорите при нивна спреченост во извршување на работата
§ 12 Промена на статутот
Промена на овој статут може да се изврши, кога се во прашање параграфите § 1-5 како и § 12, со одлука на две третини (2/3) од присутните членови на две последователни годишни собранија. Другите параграфи, со исклучок на § 13 и § 14 член 1, се менуваат со одлука на две третини (2/3) од присутните членови на годишното собрание. Дополнителното годишно собрание за промена на статутот се свикува не порано од 6 недели после редовното годишно собрание.
§ 13 Промена на параграфите § 13 и § 14 член 1
Промена на параграфите § 13 и § 14 член 1 не смее да се превземе доколку на тоа се противат најмалку 5 членови.
§ 14 Распуштање на здружението
Член 1: Здружението не може да се распушти доколку најмалку 5 членови се изјаснат дека сакаат да продолжат со активностите на истото.
Член 2: Доколку се донесе одлука за распуштање на здружението, аркивата на истото се испраќа до аркивата на Македонскиот Сојуз во Шведска.