Управниот одбор на здружението на својот последен состанок одржан на 1-ви Мај 2023 година, покрај останатото расправаше за остварување на една од планираните точки од планот и програмата за 2023 година, а тоа е предавањето на Д-р Лилјана Кочоска-Мареш на следните две теми:
– Контрацепција
– Менопауза
Предавањето е планирано да се одржи на 27 мај од 11-14 часот во просториите на Midsommargården, Telefonplan 3 Hägersten. После предавањето ќе имаме мала музичка забава проследена со добра македонска музика.
Oвие актуелни теми се од големо значење и корист за сите нас, меѓутоа за успешно остварување на истите важна ни е вашата заинтересираност и желба да бидете дел од предавањето. Ние мора да ги потврдиме термините и темите најкасно до 15-ти Мај, па затоа ве замолуваме вашето присуство за предавањето да го потврдите најкасно до петок 12 Мај.
Вашето присуство можете да го пријавите на следната форма:
Управен Одбор
Даме Груев Стокхолм