Почитувани членови и пријатели на здружението Даме Груев Стокхолм, нашата наредна планирана активност е предавање на тема од гинекологија
Д-р Лиљана Кочоска Марас е доктор по медицина , врвен гинеколог и истата е наша оддавнешна соработничка и дел од нашето здружение.
И покрај нејзината обемна и пребукирана програма, таа најде време и можност да се сретне со нас, со своите сакани сограѓани и членови на здружението Даме Груев и со голема радост и задоволство прифати да не сретне и ни ги пренесе нејзините медицински познавања.
Нејзините предавања се барани и познати низ цела Европа, а за нас ова го прави од срце и со големо задоволство. Па затоа не пропуштајте ја оваа можност и прилика, а воедно изберете една од темите за која мислите дека е од корист за вас.
Последен ден за пријавување е 12 ноември.