Риксдаген (Собранието) донесе одлука за неколку регулативни измени со цел да ги стимулира и зацврсти условите за престој на лицата со работни дозволи. Новите правила стапуваат на сила на 1 јуни 2022 година и ги засегаат речиси сите што аплицираат за престој со работна дозвола.
Новите правила, меѓу другото, значат дека:
• Вие кои аплицирате за работна дозвола, пред донесувањето на решението (одлуката), ќе мора да покажете и договор за вработување.
• Вие кои имате или аплицирате за работна дозвола, мора да потврдите дека можете да ги издржувате сите останати членовите на вашето семејството при нивното прво аплицирање и барање на дозвола за престој.
• Со новите одредби можни се повеќе кратни апликации за продолжување на работната дозвола. На овој начин, можете да останете во Шведска повеќе од четири години, дури и ако не ги исполнувате условите за добивање дозвола за постојан престој.
• Можете да аплицирате и за виза, до колку треба да патувате во странство на службено патување, а се уште чекате одлука за продолжување на работната дозвола (ова не се однесува на членовите на семејството, како и за приватни патувања).
• Воведена е нова дозвола за престој за лица со високо образование, а кои сакаат да дојдат во Шведска и да бараат работа.
Новите правила важат, како за новите апликанти,така и за лицата кои веќе ја чекаат одлуката за работна дозвола.Тоа значи дека, вие кои веќе сте поднеле барање за работна дозвола, можно е,да во некој случај, ќе морате да ја до комплетирате вашата апликација со поднесување копија од вашиот договор за вработување. До колку е тоа потребно, Шведската агенција за миграција, пред донесувањето на решението, ќе стапи во контакт со вас или со вашиот работодавач, и ќе ги побара потребните информации.
Поголеми барања од работодавачот
Риксдаген(Собранието) одлучи, дека од лицето кое аплицира за работна дозвола, на место понуда за вработување, ќе мора да побара договор за вработување, со што се поставуваат повисоки барања од работодавачот. Во тој договор за вработување ќе мора да биде наведена висината на платата,а и другите услови за кои се договориле работодавачот и работникот. Договорот за вработување ќе треба да содржи и взаемна согласност, дека тој договор е важечки, само до колку работникот добие работна дозвола.
Новите правила за работни дозволи, исто така го вклучуваат и барањето од работодавачот, да во одредени случаи, истиот, мора да го извести Шведскиот завод за миграција за сите ново настанати условите и промени за вработувањето, настанати по добиената одлуката за работна дозвола. Шведската агенција за миграција, ќе има и поголеми можности да провери дали работодавачот ги почитува условите од договорот за вработување. Не почитувањето на договорот или не известувањето за промените до шведскиот завод за миграција, може да има негативни последици за работодавачот.
По конкретни информации за овие промени, ќе бидат објавени овде на веб- страницата на шведскиот завод за миграција, на 1 јуни, кога новите правила стапуваат на сила.
Не треба секој да покаже договор за вработување.
Условот да се приложи договор за вработување при аплицирање за работна дозвола ќе важи за повеќето вработени, но има и некои исклучоци. Следниве не се засегнати од промените, но ќе продолжат да ги поднесуваат истите документи како и досега:
• Сина карта на ЕУ
• Лиценца за ICT
• Научни Истражувачи
• Професионални спортисти
• Сезонски работници
• Au pairer
• Практиканти
• Волонтери во рамките на Европскиот корпус за солидарност
*Работа за млади луѓе во време на распуст и одмор(т.н. Working Holiday виза)