Управниот Одбор на здружението Даме Груев на својот последен состанок, меѓу другото донесе одлука за продолжување на нашата соработка со АБФ.
АБФ може и сака да помага во многу области во нашето само организирање, како на пр студии, кружоци, педагошки предавања и сл.
Во изминатава година, покрај сите по тешкотии со пандемијата, ние сепак успеавме да организираме две предавања и многу од нашите состаноци да ги одржиме во просториите на АБФ Стокхолм.
Нашата крајна цел е да побараме и постанеме полноправни членови на АБФ Стокхолм или пак да постигнеме еден договор за соработка, со што ни се отвораат вратите за непречена работа.