Историја на македонското здружение (дел 1)

Јубилиете се секогаш добри и слатки за славење, било тоа дали слевењето се однесува на големи успеси или пак ете така, со самото опстојување на славеникот на еден толку долг период е достаточно за да се слави. Ова второто можеби е и за нас, за здружението Даме Груев од Стокхолм Сакајќи да ја одбележиме оваа јубиларна година ќе се обидеме да се навратиме на некои значајни и важни моменти и времиња кога здружението Даме Груев било на подиумот за славеење или пак го дало својот допринос во самоорганизирањето на македонците во Шведска.

Трети фебруари 1983, ден за паметење, ден кога и најголемите оптимисти се пострамија. На оснивачкото собрание многу народ и сите со само една единствена намера да се најдат самите себеси, овде во оваа далечна и студена земја, Шведска. Со една голема цврстина, желба и одлучност едногласно ги удривме темелите на МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ДАМЕ ГРУЕВ, СТОКХОЛМ, здружение кое во нередните години ќе се покаже како голем поборник и двигател на напорите и работењето во зачувувањето и гаењето на македонството во Стокхолм, Шведска, а и Скандинавија.

Се започна со една не обична одлука, наместо претседател, да се започне со претседателство од пет членови, кои ќе ротираат секои два месеци. Ова се покажа како една доста мудра, а и практична одлука. Оваа форма на водење на здружението беше најдобрата за тоа време, зошто никој од нас немавме некое поголемо искуство во водење или работење со една организација со идеален карактер. Лиљана Ивковска, сега Ристиќ беше првата претседаделка. Послем неа следеја: Тале Трпкоски, Цане Спировски, Јонче Симоновски и Кемал Абдуловски. На сите овие основната задача им беше опстојувањето на здружението и неговото удомување, т.е. изнаоѓањето на свои простории.

Никола Јовановски, млад и полн со елан за работа беше вториот(шестиот) претседател. Во неговото претседателување здружението го најде својот профил и место меѓу останатите македонски здруженија во Шведска. Дури во тратата година од постоењето здружението се здоби со свои простории.
Тогашен претседател беше Зоран Ристиќ. Вдомувањето си го направи своето. Се овозможи работење во свој двор без пречки и према потреби. Средувањето на просториите, прикажувањето на македонски целовечерни филмови, формирањто на повеќе секции ја одсликаја масовноста на членството, а и актвната работа. Во наредните две-три години здружението е во рацете на Тале Трпкоски. Овие години се години на вистински успеси на здружението. Во овој период, Стокхолм и познатата Плава Сала, сала каде се одржува Нобеловата вечера, се домаќини на познатиот Македонски фолклорен фестивал 96. Само сигурносносната неизвесност на шведскиот Крал и Кралица, послем неодамнешното убиство на шведскиот премиер Олов Палме, беа пречка да не бидат наши драги гости на фестивалот. Во Стокхолм македонскиот културен фастивал го доживува својот најголем медиумски пробив. Покрај многуте пишувања низ шведските медиуми имавме и претсавување од десет минути на шведската телевизија кое е доволен доказ за истото. Доаѓаја и се менуваја и други претседатели и управи и во сите нивни владеења здружението Даме Груев било на својата висина. Со своите вистински и исправни погледи, а и мудрото однесување, здружението било двигател на многу значањи одлуки и решенија за нашето самоорганизирање. Успеавме да ја донесеме на свет резолуцијата за економското осамоставување на Македонскиот Координативен Одбор од Југословенскиот Сојуз. Оваа одлука предизвика големи и бурни реакции меѓу југословените, но во исто време го изнесе на виделина нашето, македонско, работење и
нашиот придонес во Југословенскиот Сојуз. Нашите делегати насекаде беа примани и дочекувани со респект и нивно вистинско
почитување. Не смееме да ги изоставиме и успесите на спортското и културното поле. Наши играорци биле секогаш присутни учесници на сите наши, македонски манифестации. Истите и тука низ Стокхолм со успех ја прикажувале убавината на македонскиот фолклор и музика. Спотистите скоро секогаш и од секаде се враќале со освоен пекар, симбол на постигнат успех, од сите турнири, било тоа да се во мал фудбал, шах или пинг-понг. Клубските
витрини веќе беа претесни за да ги прифатат сите овие трофеи. Соработката со останатите, тогашни југословенски здруженија, беше само за пофалба. Не бевме ние што ја баравме таа соработка, напротив останатите за тогаш дваесеттина југословенски клубови на подрачјето на Стокхолм, со голема желба ја изразуваја нивната настојаност за соработка.

Во овој период голем број на познати уметници од републиката ја имале таа чест да бидат гости на нашето здружение. Културно Уметничкото Друштво Илинден од Битола беа нашите први гости од републиката. Нивната масовност(48 души), а и нивната професионалност во големо ја возвишија свеста кај сите нас македонците за она што е наше и што е толку многу убаво и сакано. По нив следеа: групата Гравче Тавче, естрадните пеачки Петранка Костадинова, Благица Петровска, како и Драган Мијалковски, Благица Павловска, а да не зборуваме за оние од југословенската естрада,
како Тозовац, Цуне или Змијанац, кои со радост не почествувале со нивното присуство меѓу нас.

Кога зборуваме за овие добри и успешни времиња не смееме да пропуштиме а да не ги споменеме некои личности кои со своето работење го возвишиле нашето здружение и направиле да тоа биде она што тоа било и ден денеска е.

  • Митре Наумовски, на жалост сега покоен, е правниот лик на здружението. Тој беше онај што ги даваше сите правни совети, а и со негова заслуга го имавме и нашиот прв статут.
  • Благоја Шопов, идеологот на здружението, секогаш и во секое време излегувал со правите насоки за движето на здраужението, а со неговата способност за бранење на праведноста и своето сопствено ја, се издигнувал над сите и насекаде каде тоа го бранел или го посакувал.
  • Бранко Секуловски е спортскиот профил на здружението. Неговиот спортски дух и желба се извишија до крајност, токму овде во Даме Груев. Турнирите во пинг-понг, шах и фудбал се негова заслуга. Кога тој ги водеше нашите спортист на нивните спортски натпревари, тоа беше само убавина и задоволство за секој спортист. Тој секогаш и во секое време имаше разбирање, почит и желба да му помогне на секого на кого тоа му беше потребно. Беше глем миленик меѓу нашите млади спортисти, затоа што тој чичко Бранко знаеше што тие млади спортисти сакаат и му е потребно. Тука со
    него многу не остварени желби беа стварност. Послем секое извишување доаѓа и падод. Ова ни се случи и нас одма по губењто на нашите простории, а тоа паѓање и се уште не прати. Но за тоа нешто покасно во нашите следни јавувања.

претседател,
Тале Трпкоски