Настап на Хор „Св Злата Мегленска“

На 16ти април, првиот ден на чествувањето на големиот христијански празник
Велигден, женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска” одржа концерт во
катедралата „Св. Матеус”, во Стокхолм. Концертот започна во 18 часот, каде што по
претходна најава хорот изведе дел од својот репертоар на песни со црковна
содржина и на барање на организаторот, концертот го заврши со неколку изведби на
познати македонски народни песни.

Присутната македонска и шведска публика не успеа на остане рамнодушна на
хармонијата на ангелските гласови на членките на хорот „Св. Злата Мегленска” кои
што при изведувањето на предвидените нумери, предизвикаа неверојатно чувство
на спокој, мир и возвишеност.

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска” е формиран во далечната 1996та
година во Скопје како дел од македонската православна црква, а со благослов на
тогашниот Митрополит Полошко – кумановски, г. Кирил. Самиот хор е составен од
дваесет и пет членки, повеќето студентки на Факултетот за музичка уметност во
Скопје, како и од неколку други универзитети од нашата земја.

Беше особено задоволство и чест да се доживее да се присуствува на концерт на
хор од светски познат ранг, хор кој што во својот состав има вистински вљубенички
во овој стил на изведба на песни, а чија што љубов кон камерната музика се огледа
токму во нивната страст при изведувањето на сите нивни песни. Секако, сето тоа ќе
беше невозможно без водството на диригентската палка на основачот на хорот и
истовремено неговиот уметнички раководител, Летка Димовска Полизова.

Настанот е финансиран од министерството за култура на Македонија, а
на покана на хорот „John Erik Elebys Kammarkör” и во организација на поранешниот

шведски амбасадор во Македонија, г-динот Lars Wahlund. Своја улога во
организацијата и техничката помош за успешната реализација на овој настан имаа и
македонското здружение Даме Груев од Стокхолм, како и од Амабасадата во
Стокхолм.