Историја на македонското здружение (дел 2)

ЗОШТО МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СТОКХОЛМ?

Mакедонците во Стокхолм ги среќаваме уште во шеесетите години на минатиот веk. Тие, така во толку многу мал број и раштркани низ пространиот Стокхолм, биле скоро неприметливи. Дојдени како печалбари на привремена работа целото свое време го поминувале во работа и само работа. За дружење се немало време.

Другарска вечер во клупските простории

Нивниот број во многу се зголемува во 70-тите години, кога се доселуваат цели семејства, и со тоа се јавува потребата од почести дружења, а и потреба и можности за одржување на својата култура, традиција и јазик. Навистина, во Стокхолм веќе постоеја неколку југословенски здруженија, но сите тие не ги задоволуваа потребите и барањата на Македонците. Имаше и непријатни и понижувачки истапи кон нас Македонците и сето тоа доведе до тоа да една мала група Македонци започне да размислува за потегнување на иницијатива за формирање свое македонско здружение. Овие размислувања зедоа интензитет во почетокот на 80-тите години, а посебно во 1982 год кога во Стокхолм се одржаа „Деновите на Македонската култура„.

После долги контакти со претставниците на КИЦ (Културно Информативен Центар) на Југославија во Шведска, прво се формира една иницијативна група, која ги припреми сите потребни материјали и информации, за да на 3-ти февруари 1983 година го закаже основачкото собрание.

Амбасадорот на СФР Југославија
во посета на здружението

Собранието се одржа во просториите на КИЦ и на истото, не очекувано, присуствуваа голем број на Македонци. Во една пријатна и работна атмосфера се избраа сите потребни раководни органи, се одреди име и со тоа, Македонското здружение Даме Груев Стокхолм, беше прогласено за постоечки орган на Македонците во Стокхолм и околината. За прв претседател на здружението, едногласно, беше избрана Лилјана Ивковска, покасно Ристиќ.

Формирањето на Македонско здружение во Стокхолм беше на големо поздравено и одобрено не само од Македонците во Стокхолм и Шведска, туку и од сите тогашни постоечки Југословенски здруженија и асоцијации. Набрзо здружението Даме Груев станува член и составен дел од Македонскиот Координативен Одбор, а со тоа и дел од Југословенскиот Сојуз во Шведска.

Прво одомување

Сите членови на УО, а и многуте други останати членови, со голем интерес и озбилност се зафатија во работата на здружението. Се одржаа игранки, забави, се формираа секции, но за една нормална работа потребни беа свои простории. Оваа желба и потреба се оствари во 1986 година со купувањето на скромните простории во самиот град Стокхолм.

Просториите забавно катче и за младите

Со доброволни вложувања, како економски така и физички, просториите беа прилагодени на потребите на здружението и така функционални ги примија и првите свои активни членови.

Иако скромни, но полни со љубов и ентузијазам, просториите беа место каде многу познати уметници имаа свои настапувања, а посетени беа и од многу политичари, гости и пријатели.

Овде и со овие простории здружението ги доживеа и своите најплодни години, за што ќе ви зборуваме во продолжението.


Културата и одржување на културните традиции во полн израз

Со самото формирање на здружението и изборот на неговите раководни тела, се започна со остварување на се она што го имавме зацртано во статутот на здружението.

Неколку месеци по формирањето, ја одржавме и нашата прва забава. Гости ни беа членовите на КУД Илинден од Битола. Не заборавна забава, а и посетата беше на висина.

После оваа забава се редеа уште многу други, некои во своја режија, а некои со гости од татковината, како на пр. групата „Тавче Гравче„, Блага Петреска, Драган Мијалковски, Калиопи, големиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски, Петранка Костадинова и многу, многу други, помалку или повеќе познати групи и пејачи.

Другарска вечер во клупските простории

Другарските вечери беа исто така нешто што беше барано од членовите. Просториите на клубот, и ако мали, беа пријатно катче за вакви другарувања.

Неделите беа резервирани за фолклорната група , а и за прикажување на целовечерни македонски играни филмови. И овде посетата беше голема секогаш изразена со 25-30 посетители.

Петоците и саботите просториите беа отворени за други активност и дружења. Тука се среќаваа фудбалерите, шахистите за да се договорат за нивните тренинзи или настапи на некои локални или регионални натпреварувања.

Сите овие активности ја докажаа нашата спремност за да се зафатиме со организирање на нешто поголемо, нешто по значајно.

На еден од состаноците на УО се донесе одлука да ја побараме организацијата на Македонскиот културен фестивал, традиционална манифестација на Македонскиот Координативен Одбор.



За таа намена обезбедивме сала за одржување, a таа сала беше познатата BLÅHALEN, сала каде се одржува Нобеловата вечера за сите добитници на Нобеловата награда, во придружба на кралското семејство, познати личности од политичката и стопанската сфера.

Македонскиот културен фестивал

Овде во оваа сала, во главниот град на Шведска, фестивалот ја доби својата нај голема афирмација. Покрај многуте пишувања во повеќе истакнати шведски списанија, фестивалот доби место и на програмите на Шведската телевизија, која за истиот одвои цели 11 минути.

Атентатот и убиството на премиерот Олоф Палме, кое се случи само три месеци пред одржувањето на фестивалот, беше пречка и причина за не доаѓањето на веќе поканетите, нивното величество, Кралот, Карл XVI Густаф и неговата сопруга, Кралицата,Силвиа.