Годишните собранија
Годишните собранија на здружение беа нашата гордост. Интересот беше голем, со присуство на голем број на членовите, како и многуте поканети гости. Она што беше посебно за нашите годишни собранија, беше тоа што тие секогаш наликуваа како да е празничен ден. Членовите и гостите беа пречекувани со поставена маса на влезот од просториите, маса преполна со нај различни Македонски специјалитети припремени од рацете на нашите вредни жени. Нашите гости знаеја да кажат дека ова го има само во Даме Груев и ни на едно друго место.
Во една ваква пријатна и би се рекло на лик празнична атмосфера, се избираа раководни тела на здружението, кои имаа за задача да го насочуваат работењето во здружението, а и негово претставување на други средби и состаноци каде членувавме, како на пример, Југословенскиот Сојуз, а и Македонскиот координативен одбор.
РЕЗОЛУЦИЈАТА
Македонскиот Координативен Одбор (МКО), составен дел од ЈС беше организатор на повеќе фестивали на државно ниво, а за истите скоро и да не добиваше ништо од, значајно, големите суми на пари што се слеваа во касата на ЈС. Ова беше констатирано на едно годишно собрание и на истото се донесе одлука нашите делегати на годишното собрание на МКО побараат донесување на резолуција за економско осамостојување на МКО.
Резолуцијата беше донесена и во најголем дел и спроведена и ако истата предизвика бурни реакции не само овде во Шведска, туку дури и во нај високите политички кругови на тогашната Југославија.
РЕФЕРЕНДУМОТ
Тесната врска и соработка со татковината, Македонија, секогаш беше јасно изразена. Здружението ги пратеше сите збиднувања во татковината и во дадена и можна прилика реагираше или пак земаше активно учество.
8-ми Септември 1991 година, се одржа РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА. На истиот ден и во нашето здружение се одржа гласање, на кое зачудувачки дојдоа и гласаа 217 Македонски државјани. Имавме гласачки одбор составена од пет(5) члена кој го изведуваше гласањето и кога гласовите се прегледаа, резултатот беше 216 ЗА и само еден ПРОТИВ.
Формирањето и постоењето на ова Македонско катче во самата престолнина на Шведска, се покажа како една голема и долго очекувана потреба. Покрај, оние, со план зацртани активности имаше и многу други спонтани форми на дружење и забавување, како на пр. посети на пријателски здруженија ширум цела Шведска, дури и патувања во други земји, студиско патување до Санкт Петерсбург, (тогашен Ленинград), а не беа заборавени и нај младите за кои на два наврати беа организирани летни школи во познати детски летувалишта, места каде нашите млади имаа можност да се дружат и забавуваат со нивни врсници од татковината, а во исто време преку игра и забава се запознаваат со сите културни и јазични традиции.
Продолжува...