www.damegruev.org

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home КОНТАКТ
ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ
Office

Адреса:
Србија

E-пошта: Оваа e-mail адреса е заштитена од spam bots, треба да ви е вклучен JavaScript за да ја видите.
Број на мобилен телефон: 00 381 63 8897554
http://www.damegruev.org

Информации: Добродојдовте на званичната веб страница на Здружението на македонците "Даме Груев"

 















  • mk
  • sr

facebook

Вести на здружението

Почитувани!

Повеќе за нашите активности, можете да следите на нашиот профил на FACEBOOK на следниот линк

Ние на Facebook

https://www.facebook.com/%D0%94%D0%90%D0%9C%D0%95-%D0%93%D0%A0%D0%A3%D0%95%D0%92-%D0%97%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%9E%D0%BA%D1%80%D1%83%D0%B3-599818650175874/






 

Повик за запишување во ПБС - Посебен Бирачки Список

АПЕЛ за запишување во посебен бирачки список

Почитувани, запишувањето во ПБС е наша стална обврска. Да се избориме и ние советто да го бираме на непосредни избори.

Според званичните податоци, добиени од Министерствот за државна управа и локална самоуправа, /врз основа на барањето за слободен пристап на информации/, со состојба на 01.07.2016 година, во ПБС има запишано вкупно 8.073 Македонци, што е за 102 лица помалку, во однос на претходната состојба од 01.11.2014 година, и што е 35% во однос на бројот на Македонци според пописот.

Според последниот попис од 2011 година, во Србија како Македонци се изјасниле 22.755 лица, а 40 отсто од тој број се 9.102 лица, запишани во ПБС. Ова значи дека недостасуваат минимум уште 1.029 Македонци запишани во ПБС, изборите и за нашиот национален совет да бидат непосредни.

На претходните избори, само ние Македонците и Хрватите советот го биравме со електори, сите други совети, на непосредни избори. Според мои незванични податоци, и Хрватите  идниот состав на советот ќе го бираат на непосредни избори.

ЗАТОА, Почитувани членови на нашето здружение, почитувани сограѓани, Македонци и Македонки, кои сте по потекло македонци и кои се изјаснувате како Македонци, апелирам до сите Вас, да се вклучите во акцијата и сите да се запишеме во посебниот бирачки список.

ПОВИК - АПЕЛ за запишување во посебен бирачки список,
ЗАПИШЕТЕ СЕ - КАЖЕТЕ
КОИ СТЕ

Запишувањето во посебните бирачки списоци е на доброволна основа. Вие сами знаете кои сте, како се осекате и како се изјаснувате. Сите ние сме грађани на оваа држава, лојални грађани, о но сите ние кои се изјаснуваме како македонци, имаме можност да се вклучиме во работата на здруженијата на македонците, и сега, во согласност со Законот за националните совети на националните малцинства, да се вклучиме во изборот на органите на националниот совет на македонците во Србија.

Запишувањето во посебниот избирачки список е во интерес на нашата заедница, во интерес на нашето македонско малцинство, не само во средините во АП Војводина, туку и за целата територија на Република Србија.

На нашите трибини и разговори, што ке ги имаме, детално ће објаснуваме за потребата сите македонци да се запишат во посебниот избирачки список, а со тоа и да се запишат и активно да се вклучат како членови во работата на нашето здружение.

БИДЕТЕ ЗАПИШАНИ, КАЖЕТЕ КОИ СТЕ

УПИШИТЕ СЕ - РЕЦИТЕ КО СТЕ

Искористете го вашето право, запишете се во посебниот бирачки список на македонското национално малцинство во Србија.



 

Почитувани!

По повод Денот на Националниот совет на МНЗ во Србија, на централната прослава во Јабука, нашето здружение доби  БЛАГОДАРНИЦА  ЗА ПРИДОНЕС ВО РАБОТАТА, ЗА АФИРМАЦИЈА НА НС НА МНЗ ВО СРБИЈА, за афирмација на нашата работа, на нашето здружение.

Постоиме нешто повеќе од 4 години. Ваквите пофалби-благодарници нека бидат само потсрек за уште подобра работа во понатамошниот период на нашето здружение

 

Одржана Четвртата годишна конференција на исленичките организации

Ни треба закон за дијаспората на Република Македонија и стратегија за односот на државата кон дијаспората.

На 25 и 26 јули 2013 година во Хотел Александар Палас, Скопје се одржа четвртата по ред Годишна конференција на иселеничките организации во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Конференцијата започна во 10.00 часот на 25.07.2013 год, а свечено ја отвори Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски. На Конференцијата учествуваа 110 претставници на 155 македонски иселенички организации од: Европа, Австралија, Канада и САД.
Како гости на Конференцијата присуствуваа и претставници на организациите на македонските малцинства во соседните земји.
На првиот работен ден се обработуваше Темата: �Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи� 
Вториот се обработуваа темите за Државјанство и избирачко право и 
Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. 

По оваа тема свое излагање имаше и претседателот на нашето здружение. Ви пренесуваме дел од дискусијата.

Организирањето на Македонците во дијаспората, секаде е различно во однос на прописите, законите, условите, можностите во секоја земја. Имаме здруженија, национални совети, Македонски црковни општини/МПЦО, ја имаме и Обединетата Македонска дијаспора. Секаде работата во овие здруженија е на доброволна основа.

Поделбите помеѓу Mакедонците во светот, проблемите, пропустите во работата на нашите асоцијации, секаде се специфични.

Но грижата за подобра организиранот на нашите здруженија, и желбата да престанат делбите, треба да ни е заедничка.

Дали ние Македонците иселениците, во дијаспората и нашето македонско малцинство во Грција, Албанија и Бугарија, ги имаме сите права според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, и правата на политичко организирање. Секаде во овие земји тоа е различно. Затоа ни треба подобра организираност, подобра соработка, поголема грижа од страна на надлежните институции од Македонија.

За надминување на делбите, кај сите наши здруженија на Македонците во светот, потребна ни е подобра организираност, подобра меѓусебна соработка, посебно регионална соработка на асоцијациите на Македонците на Балканот.

Потребна ни е соработка и заедничка Стратегија и делување со здруженијата-асоцијациите на Македонците во светот, но и со асоцијациите на Македонците од соседните земји на Македонија - Грција, Бугарија и Албанија.

Но, потреба ни е одлична соработка и со надлежните институции во Македонија, кои се бават со дијаспората.

Според МНР, терминот и концептот ДИЈАСПОРА, значи поим што во себе ги опфаќа македонското национално малцинство во соседните земји на РМ и иселениците, лица со поранешно македонско државјанство.

Дали ваквата формулација е прифатлива? Барем и за ова треба да имаме заеднички став.

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ги врши работите и задачите кои се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија, помагањето на нивниот културен развој и унапредувањето на врските со нив и нивните организации, запознавањето на иселениците од Македонија со состојбата во Република Македонија, создавањето услови за враќање на иселениците во Република Македонија, создавање услови за вклучување на иселениците во јавниот и економскиот живот на Република Македонија и други работи утврдени со закон.

Матицата на иселниците од Македонија и Светскиот Македонски конгрес, на свој начин се бават со продлабочувањето и проширувањето на контактите со дијаспората... и ред други организации.

Нека си постојат сите, сите нека организираат свои активности, но она што ни треба е со проблемите на иселениците и Македонците во соседните земји на Македонија, со финансирањето и подршката на планираните проекти на дијсапората, првенствено да се бават надлежните институции на нашата татковина, секако со вклучување и на сите други невладини организации.

Ни треба една заедничка годишна конференција на дијаспората.

Ни треба планско и заедничко учество на дијаспората на прославите на празниците во Република Македонија.

И ни треба заедничко учество на сите асоцијации на Македонците на годишните средби на иселениците.

Господо пратеници во Собранието на Република Македонија, од дијаспората, почитувани претставници од МНР на РМ, од Агенцијата за ислеништво заради јакнење и остварување на врските на ДИЈАСПОРАТА со матичната држава, во согласност со член 49 од Уставот на РМ, заради подобрување на положбата и заштита на правата на Македонците од регионот и иселениците, заради грижа за економските, културните и социјалните права на дијаспората, заради унапредувањето на економската соработка на Македонија со дијаспората, заради потпишување на меѓународни договри за заштита на правата на македонското малцинство, во согласност со меѓународните стандарди и со други земји, заради организирано учење на македонскиот јазик, чување и негување на културата и спречување на асимилацијата, и најповеќе, заради надминување на делбите, пропустите, слабостите, недоразбирањата во делувањето на асоцијациите на Македонците во светот и остварување што поцврсти врски со матичната држава, треба да се иницира промена на законската регулатива. А Собранието на Република Македонија треба да ги донесе следните акти: закон за дијаспората на Република Македонија и стратегија за односот на Република Македонија кон дијаспората.

Врз основа на овие акти, да се формира Собрание на дијаспората, како највисоко претставничко тело на дијаспората, и истото да одржува редовни годишни конференции. Тоа тело ќе треба да покрене иницијатива за повторно формирање на Министерство за дијаспора и Македонците во регионот, или ако не може министерство, потребна е подобра регулатива за надлежностите на МНР-Секторот за следење на националните приоритети и Агенцијата за ислеништво за соработка со дијаспората, во согласност со законот и стратегијата.

Со донесувањето на еден ваков Закон и Стратегија за односот на РМ кон дијаспората, а посебно со формирањето на Собрание на дијаспората, ќе се створат услови за поорганизирана работа, за почеток на една нова страница во единството на дијаспората, за успешна реализација на Стратешкиот план на Агенцијата за период 2012-2014 година и програмата за активностите на Агенцијата за 2013 година.

 (Дел од излагањето на четвртата конференција)

 

На крајот од вториот ден, претставниците на иселеничките организации имаа можност да добијат информации од пратениците од дијаспората, за проблемите со кои се среќаваат во средините каде живеат и работат.
Четвртата годишна конференција на иселеничките организации ја затвори Претседателот на Република Македонија Н.Е Ѓорге Иванов со доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општественото делување.
Доделувањето на одликувањата се одржа на 26.07.2013 год. во Музејот на националната борба со почеток во 18:30часот.

 

Во прилог Ви ја доставуваме Програмата за четвртата Годишна конференција на иселенички организации

ПРОГРАМА ЗА ЧЕТВРТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

25 - 26 јули 2013 година 
Скопје - Република Македонија


ПРОГРАМА

25 ЈУЛИ

09:00ч - 10:00ч Регистрација на учесниците
10:00ч - 10:30ч Поздравни говори

ПРВА ТЕМА: Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи
Модератор: Билјана Костова

10:30ч - 12:00ч
- претставник на Министерство за образование и наука - излагање за обезбедување нова програма и учебници за учениците од иселеништвото и одржување обука(*) за наставници, од страна на стручно лице со цел имплементирање на нови методи во наставата по македонски јазик и јазикот на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство, во иселеништвото
- Излагање на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен
- Излагање на Мирјана Мајиќ од Заедница на Македонците во Република Хрватска - Загреб, Хрватска 
- Излагање на Сузана Сурловска од Асоцијација "Блаже Конески" - Мант Ла Жоли, Франција на тема: " Значењето на учебникот по македонски јазик за наставата во иселеништвото"
- Презентација на "Учебно помагало за македонски јазик втора фаза" од страна на авторот Наташа Здравковска Стојановска од Училиште по македонски јазик - Франција
- Излагање на Иван Трпоски од Македонско литературно друштво "Глигор Прличев" - Сиднеј, Австралија на тема: "Македонско литературно друштво "Глигор Прличев": 35 години чување и негување на македонскиот јазик и култура во Австралија"
- Излагање на Марија Кусевска од Интернет центарот за македонски јазик во САД
- Излагање на Благојче Јосифовски од Македонски просветно училишен одбор за Нов Јужен Велс - Австралија на текст од Жаклина Михајлова "35 години Македонски просветно училишен одбор за Нов Јужен Велс "
- Излагање на Митко Јованов од Училиште за македонски јазик "Учи македонски онлајн" - Германија на тема: "Плановите на онлајн наставата за македонски јазик преку "Учи македонски онлајн" за дијаспората и соседните држави во учебната 2013/2014 година"

12:00ч - 12:15ч Пауза

12:15ч - 12:45ч Прашања и дискусии

12:45ч - 13:00ч
- Промоција на книгата "Сенки на северот" од Ивица Челиковиќ иселеник - поет од Шведска добитник на наградата "Стојан Христов" на Струшки вечери на поезијата


13:00ч - 14:00ч Пауза за закуска*

14:00ч - 14:30ч
- Промоција на книгата "Угреј сонце во мојот сон" од Иван Трпоски, иселеник - поет од Сиднеј, Австралија
Промотор: Науме Радичевски
- Промоција на книгата "Верига на чувствата" од Маја Доневска Ивановска, иселеник - поет од Торонто, Канада
Промотор: Љерка Тот Наумова



14:30ч - 16:00ч
- Александар Јордановски претставник на Министерство за култура, информирање за постоечкиот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во областа на културата и можноста ислениците и иселеничките организации да конкурираат
- Излагање на Питер Далас од Macedonian Heritage Village од САД за проектот "Посети ја Македонија"
- Излагање на Весна Рорх Анчева психолог - иселеник од Швајцарија за Проектот "Мојот живот и јас"
- Излагање на Соња Спироска Остоиќ академски сликар - иселеник од Босна и Херцеговина на тема: "Приближување на Македонската култура на граѓаните од Република Српска низ моето ликовно творештво".
- Излагање на Гоце Анѓелкоски од Македонска христијанска религиозна општина "Св. Никола" - Виена, Австрија
- Излагање на Др. Зоран Бечваровски од Австралско-Македонско медицинско друштво - Нов Јужен Велс, Австралија на тема "Австралиско Македонско медицинско друштво: Промоција на македонскиот идентитет во Австралија" 

16:00ч - 16:30ч
- Прашања и дискусии

26 ЈУЛИ



09:00ч - 09:25ч
- Дончо Тасев претставник на Министерство за надворешни работи на тема: информирање за "Јавниот повик" за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на македонското национално малцинство и дијаспората од Република Македонија

09:25ч - 09:45ч
- Тоше Пановски и Тања Трипунова од Министерство за финансии - информирање за можноста за финансиска поддршка на иселеничките организации и нивни активности
Прашања и дискусии

09:45ч - 10:00ч Пауза

10:00ч - 11:30ч
ВТОРА ТЕМА: Државјанство и избирачко право
Модератор: Виолета Секулова
- Ванѓа Зикова претставник од Министерство за внатрешни работи
- претставник од Државна изборна комисија
- претставник од Министерство за правда
- Излагање на Борис Илиевски од МПЦ "Св. Димитрија" - Њујорк САД
- Прашања и дискусии

11:30ч - 11:45ч Пауза

11:45ч - 13:00ч
ТРЕТА ТЕМА: Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија
Модератор: Дора Ангелова
- Излагање на Борис Илиевски од МПЦ "Св. Димитрија" - Њујорк САД
- Излагање на Диана Стерјовска од Македонска добротворна организација - Викторија, Австралија на тема "Важноста на Македонската организација во Викторија"
- Излагање на Илона Захариева од Здружение "Камен мост" - Италија на тема: Апел за помасовно организирање на македонците во Италија
- Излагање на Стеван Србиновски од Сојузот на Асоцијации на МНЗ во Србија - Србија на тема: "Организираност на припадниците на македонската заедница во Република Србија"
- Излагање на Ивана Цветковиќ од Националниот совет на МНЗ во Србија - Србија на тема: "Прва национална стратегија на македонската национална заедница во Србија 2013-2023"
- Излагање на Васка Чергоска од Здружението на МНЗ "Св. Кирил и Методи" - Нови Сад, Србија на тема: "Информирање на припадниците на македонската заедница во Република Србија"
- Прашања и дискусии

13:00ч - 14:00ч Пауза за закуска*


ЗАВРШНИ ДИСКУСИИ: Прашања и одговори со пратениците од дијаспората


14:00ч - 14:45ч 
Ристо Манчев пратеник во Собранието на Република Македонија (Европа и Африка, Изборна единица број 7)

14:45ч - 15:30ч 
Павле Саздов пратеник во Собранието на Република Македонија (Северна и Јужна Америка, Изборна единица број 8)

15:30ч - 16:15ч 
Милорад Додевски пратеник во Собранието на Република Македонија (Австралија и Азија, Изборна единица број 9)


18:30ч - 20:00ч
Национална установа - Музеј на македонската борба за државност и самостојност "Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и музеј на жртвите на комунистичкиот режим" 
Свечено затворање на Четвртата годишна конференција на иселенички организации и доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништво, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување од страна на Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов



*обука за наставниците од иселеништвото ќе држи обучувач од Бирото за развој на образованието на одделен панел
* закуска обезбедена од организаторот 

 

До сите македонски иселенички организации и асоцијации

07.03.2013 година

Предмет: Информација за одржување на Четвртата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија и барање сугестии и предлози за темите на дневен ред

Почитувани,
Ве известуваме дека во тек е подготовката на Четвртата годишната конференцијата на иселеничките организации, што ќе се одржи на 25 и 26 јули 2013 година во Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. 
Воедно предлагаме најдоцна до 10 април 2013 година да дадете ваши сугестии за темите на дневниот ред кои ќе се разгледуваат на конференцијата и се од интерес за иселеништвото, а се во рамките на законската надлежност на Агенцијата за иселеништво.
Директор
Васил Наумов

 

06.03.2009 – 06.03.2013 година

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ РОДЕНДЕНОТ!

Како вчера да беше, а веќе постоиме 4 години.

Нашето здружение е само уште еден бисер во ѓерданот наречен Македонски иселеници - Македонска дијаспора.

УДРУЖЕЊЕ МАКЕДОНАЦА МОРАВИЧКОГ ОКРУГА „ДАМЕ ГРУЕВ“ - СРБИЈА

ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МОРАВИЧКИ ОКРУГ „ДАМЕ ГРУЕВ“ - СРБИЈА

Association of the Macedonian ethnic minority “DAME GRUEV”  in Serbia.

Македонците кои живеат и работат во светот, различно се организирани.

Нашето здружение е само уште еден бисер во ѓерданот наречен Македонски иселеници – Македонска дијаспора

Ние сме регистрирани и делуваме во Моравички округ: Г.Милановац, Чачак, Ивањица и Лучани.

Кој знае колку сме? Кој знае каде сме? Колку да сме, доста сме за да се чуваме.


Читај повеќе...
 

УДРУЖЕЊЕ МАКЕДОНАЦА МОРАВИЧКОГ ОКРУГА „ДАМЕ ГРУЕВ“ - СРБИЈА

ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МОРАВИЧКИ ОКРУГ „ДАМЕ ГРУЕВ“ - СРБИЈА

Association of the Macedonian ethnic minority “DAME GRUEV” in Serbia.

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ЗА 2013 година

Читај повеќе...
 

Предмет: Известување за програмската активност наречена "Посети ја Македонија"

Почитувани,

· Ве информираме дека Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ќе ја реализира програмската активност наречена "Посети ја Македонија".

· Оваа програмска активност е наменета за иселеници по потекло од Македонија, односно нивни потомци.

· Целта е да се стимулираат контактите на младите од иселеништвото со младите од Република Македонија.

· Тоа ќе биде можност за младите иселеници да ги зацврстат врските со својата татковина.

· Иселениците од Македонија на возраст од 18 до 28 години ќе имаат можност да престојуваат во Република Македонија три недели во периодот од 15 јуни 2013 година.

· За време на престојот иселениците-учесници ќе бидат сместени во семејства-домаќини, со исклучок на првиот и последниот ден од престојот кога ќе бидат сместени во хотел во Скопје.

· По пристигнувањето во Република Македонија сите учесници ќе бидат сместени во хотел во Скопје каде што ќе се одржи информативен состанок на кој учесниците ќе бидат запознаени со предвидената програма и ќе имаат можност да се запознаат меѓусебно и со членови од семејствата-домаќини каде што ќе бидат сместени. На овој состанок на учесниците ќе им бидат ставени на располагање информации за сите поважни културни, историски и верски објекти како и природни убавини во Република Македонија и ќе бидат охрабрени истите да ги посетат.

· По претходно утврдени критериуми ќе бидат избрани општините и семејствата каде што ќе бидат сместени учесниците.

· Семејствата-домаќини ќе обезбедат сместување и храна за учесниците. Оваа програмска активност ќе се реализира во неколку општини, при што поголем број учесници ќе бидат сместени во една општина за полесна реализација на програмата.

· Во секоја општина ќе има едно контакт лице (претставник од општината) со кое иселениците-учесниците ќе контактираат за евентуални прашања и проблеми. Учесниците ќе го поминуваат своето време со младите од Република Македонија и ќе имаат можност поблиску да се запознаат со нејзината историја, култура и современ начин на живот.

· На товар на ислениците-учесници ќе бидат: патните трошоци, трошоци за здравствено и патничко осигурување, трошоци за пасош и виза, хотелски трошоци за првиот и последниот ден од престојот кои ќе бидат организирани во Скопје, трошоци за патување низ Македонија и трошоци за лични потреби. Иселениците-учесниците нема да имаат трошоци за сместување и храна во семејствата-домаќини.

· Ве молиме да го информирате Вашето членство за програмската активност "Посети ја Македонија" и да определите лице за контакт од Вашата организација кое ќе биде задолжено за успешна реализација на оваа активност.

Ви благодариме на соработката.

Васил Наумов

Директор

 

3.- та МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР, Дружење на Македонците од Моравички округ - Србија

Почитувани!
Ве покануваме на Третата Македонска вечер, во организација на нашето здружение.
Горњи Милановац, 24.11.2012 година,

„Градска кафана„ // Дом на култура, поранешен дом на ЈНА/
19,00 часот,
Цена 1.500 динари

Читај повеќе...
 

Трета годишна конференција на иселеничките организации во организација на Агенцијата за иселеништво на 18 и 19 јули 2012 година,

Конференцијата ќе се одржи во Домот на АРМ, со седиште на улица ,,Македонија,, бр. 12, Скопје. наместо во Клубот на пратеници.

Читај повеќе...
 

Здружението на Македонците за Моравички округ „Даме Груев“ – Србија, по повод 3 години од своето постоење и Денот на општината Горњи Милановац, го реализира следниот проект
“Ми свом граду за дан општине Горњи Милановац. Упознајте наш град – Пробиштип“
“Наша честитка за денот на општина Г.Милановац. Запознајте го нашиот град – Пробиштип“

Време: сабота, 21.04.2012 година, 17,00-20,00

Место: Рудник, Горњи Милановац

Активности
- Видео презентација за Македонија, за Пробиштип
- Запознајте го мојот град, Пробиштип
- Туристичко и економско претставување на Пробиштип
- Културно-уметничка програма – КОНЦЕРТ
- Со песна и игри низ Македонија и Србија
- Настапуваат:
- КУД од Пробиштип, музичка група
- Пеачка група “Видовден“ од Рудник
- КУД “Типопластика“ од Г.Милановац

По завршувањето на концертот, презентација и дегустација на македонски специјалитети на јадења и пијалаци
Влез: слободен

20,30 – 01.00 , хотел “НЕДА“ – Рудник
МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР, забава, дружење, со македонска музика
Резеравција на телефон 060/ 5459459

Организационен одбор

 

ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА 2012 ГОДИНА

ТРЕТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИСЛЕНИЧКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Во прилог, информации од Агенцијата за ислеништво на Република Македонија, за одржување на летната школа по Македонски јазик, за Струшките вечери на поезијата и за третата конференција на иселеничките организации

Читај повеќе...
 

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ РОДЕНДЕНОТ! 06.03.2009 – 06.03.2012 година

Како вчера да беше, а веќе постоиме 3 години.

Нашето здружение е само уште еден бисер во ѓерданот наречен Македонски иселеници - Македонска дијаспора.

Нека ни е честит роденденот. За многу години.

Можеме и мораме да сме задоволни, досегашните активности не обврзуваат да продолжиме уште подобро со дружењето на граѓаните од македонско потекло кои се во Моравички округ, негувањето на традициите и обичаите, негување на јазикот и фолклорот, и зачувување на културните вредности на Македонија, посебно на писмото и јазикот.

Идеја за формирање на здружение на Македонците и за Моравички округ,  постоела и од порано, кај многумина Македонци и во Чачак и во Г.Милановац.  На иницијатива на нас неколкумина активисти, посебно нас од Горњи Милановац, на почетокот на 2009 година, се одржаа повеќе подготвителни состаноци за формирање на здружението.

На ден 06.03.2009 године, во “Норвешка куќа” во Горњи Милановац, одржано е оснивачко собрание за формирање на здружението.

Немаше двоумења нити околу името на здружението. Едногласно е предложено, здружението да го носи името на“ДАМЕ ГРУЕВ” познат револуционер од историјата на Македонија.

Кој зна е колку сме? Кој знае каде сме? Колку да сме, доста сме за да се чуваме.

 

ВАЖНОСТ НА НЕ-БИОМЕТРИСКИТЕ ПАСОШИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

Согласно известувањето од Министерството за внатрешни работи, не-биометриските пасоши на Република Македонија ќе важат до 27.02.2012 година.

За влез во Република Македонија по 27.02.2012 година иселениците, државјани на Република Македонија единствено ќе можат да патуваат со патен лист издаден од Дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија.

Читај повеќе...
 

УДРУЖЕЊЕ МАКЕДОНАЦА МОРАВИЧКОГ ОКРУГА „ДАМЕ ГРУЕВ“ - СРБИЈА

ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МОРАВИЧКИ ОКРУГ „ДАМЕ ГРУЕВ“ - СРБИЈА

Association of the Macedonian ethnic minority “DAME GRUEV” in Serbia.

 

НОВИ СМЕТКИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО!

Почитувани членови на здружението, почитувани пријатели.

Заради затварање на филијалата на Развојна банка во Г.Милановац, нашето здружение отвори нови денарски и девизни сметки во Војвођанска банка и Комерцијална банка.

Во иднина, ве молиме сите уплати на сметка на здружението да ги вршите на сметките во овие две банки:

Читај повеќе...
 

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ЗА 2012 година

- Редовно ажурирање на веб страницата, и FB профилот, правовремено и потполно информирање на јавноста за работата на нашето здружение.

- Средување на Регистерот на здружението //точно да се види, колку имаме членови, регистрирани, со пополнети пристапници, колку од нив платиле чланарина, колку се запишани во посебните бирачки списоци, останати податоци за сите наши членови и за сите Македонци во Моравички округ//

- Реализација на планираните – одобрените проекти:

Читај повеќе...
 

КОНКУРС

За доделување на средства за суфинасирање на програми, проекти и активности на македонските асоцијации за 2012 година.

Дел.бр:662/11

Панчево.28.10.2011

До претседателите на македонските Асоцијации

Почитувани, Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија со седиште во Панчево, врз база на одлуката на Советот донесена на седницата одржана на 01-ви октомври 2011 година, распиша

КОНКУРС

За доделување на средства за суфинасирање на програми, проекти и активности на македонските асоцијации во Република Србија за 2012 година.

Читај повеќе...
 

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПРАШАЊАТА НА МИГРАЦИИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Во организација на Европската комисија, Општа управа за проширување (TAIEX), заедно со Министерството за човечки права и избеглици на Босна и Херцеговина, на 13 и 14.10.2011 година, во Сарево, организираа Меѓународен состанок - работилница за миграциите на Западен Балкан.

На состанокот имаше претставници од сите бивши ЈУ републики, и од други европски држави. На овој состанок беше поканет и претседателот на нашето здружение.

Читај повеќе...
 

14.05.2011 година – Панчево, Избор за Сојуз на асоцијациите на Македонците во Србија

Ве известуваме дека изборната седница се одржа на ден 14.05.2011 година во Панчево. За сите останати детали околу текот на самата седница и проблемите на таа седница, дополнително ќе Ве известимe, посебно после поднесувањето на барањето за регистрација на тој Сојуз во АПР.

Читај повеќе...
 

ИЗБОРИ 2011

Информација за гласањето и регистрирањето на дијсапората

за претстојните предвремени парламентарни избори во Република Македонија

Читај повеќе...
 

“ДА НЕ ЈА ЗАБОРАВИМЕ ИСТОРИЈАТА - ЗАПОЗНАЈ ТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА“

На 15 и 16.04.2011 година, го реализиравме проектот.

Читај повеќе...
 

УЧЕТЕ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почна со работа курсот за изучување на македонски јазик

Читај повеќе...
 

ИЗБРАНИ НОВИТЕ ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Почитувани! На ден 19.03.2011 година, во Чачак, се одржа седница за пререгистрација на нашето здружение, согласно одредбите од Законот за здруженија, („Службени гласник РС“ бр. 51/2009 од 14. 07. 2009. године), која воедно беше и изборна седница

Читај повеќе...
 

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА 2011 ГОДИНА

На седницата на 19.03.2011 година, усвоена е и Предлог-програмата за работа на здруженеито за 2011 година.

Читај повеќе...
 

Пререгистрација на здружението

Почитувани! На ден 19.03.2011 година, со почеток во 11,00 часот, во салата на општина Чачак, ќе се одржи седница за пререгистрација на нашето здружение, која воедно е годишна изборна седница. Се повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат на оваа наша седница.

Во согласност со Законот за здруженија, („Службени гласник РС“ бр. 51/2009 од 14. 07. 2009. године) сите здруженија треба да се пререгистрираат

Читај повеќе...
 

ЧЛАНАРИНА ЗА 2011 ГОДИНА

Почитувани членови на нашето здружение! Сакам да Ве замолам и да Ве повикам, како членови на нашето здружение, да ја исполните вашата обрска и да платите чланарина и за 2011 година

Читај повеќе...
 

I Македонска вечер

Одржана I Македонска вечер на нашето здружение на 30.10.2010 година

Читај повеќе...
 

Конституиран Националниот совет

Конституиран Националниот совет на македонското малцинство

Читај повеќе...
 

Учете македонски

Ве известува дека оваа година и нашето здружение ќе организира курс за изучување на македонскиот јазик. До почетокот на курсот, сеуште можете да се пријавите кај Ило Михајловски, од Чачак //064-1451262//, за запишување во списокот.

Курсот е бесплатен и секој има право да се запише, без оглед на возраста.

Дополнително ќе ве известиме за времето и местото на одржувањето на курсот

 

Студирање во Република Македонија

Анџела Бранковић, член на нашето здружение е избрана за студирање во Република Македонија во 2010 година.

Искрени честитки. Посебно затоа што ова е прв студент од нашето здружение.

 

Потпишана повелба за побратимство

На ден 23.04.2010 година, по повод денот на општината Горњи Милановац и 195 години од Второто Српско востание, на свечената седница на општината, потпишана е Повелба за братимење и партнерство помеѓу Горњи Милановац и Кавадарци (Република Македонија)

Повеќе...
 

ПОДДРЖУВАЧИ И ПРИЈАТЕЛИ

ROOMS FOR RENT ZIMMER AUSGEBEN

FILIP KOTELI / OHRID MACEDONIA

ul.Slavej Planina 23

http://www.aspapartments.com/ ЈАНЕВ Охрид-Македонија

АSP APARTMENTS

www.bioizvorb.rs Чачак

Апартмани

Вуковић Златибор


Судски тумач за Македонски јазик

ЧАЧАК, Амиџина - 44

АНТОНИО ДОНЕВ

+381 32 348295 + 381 64 1963400